Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, креиравме едукативни предавања, се дружевме со средношколците и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за Најдобар сајт 2017. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, а квалитетот може да биде препознаен. Драги пријатели, да ве информираме дека ги добивме резултатите од изборот за Сајт на годината 2017. И овој пат, Сѐ за храна е меѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија, во конкуренција од преку 200 пријавени сајтови.

Петта година по ред Сѐ за храна е дел од победничките сајтови во Македонија. Прогласувањето на најдобрите македонски веб сајтови е манифестација на која Сѐ за храна учествува традиционално од нејзиното постоење, односно по петти пат досега. Заедно со вас, добивме награди во 2013, 2014, 2015, 2016, а сега многу побројни го прославуваме вбројувањето на sezahrana.mk во најдобрите 10 сајтови на годината. Вие и жирито одлучивте Сѐ за храна да биде дел од првите 5  најдобри сајтови во категоријата храна и здравје, сајт за невладини организации, а исто така рангирани бевме меѓу првите 10 сајтови во категориите најдобар блог и најдобар мобилен сајт. Што може уште да посакаме? Бидете здрави, живи и среќни, и дочекајте ги празниците со најдобрите рецепти, совети и идеи!

На крај, би сакале да им се заблагодариме на нашите драги автори кои не себично се вложуваат и ги споделуваат своите прекрасни рецепти. Особена благодарност упатуваме до Невена Ѓероска, Катерина Милошевска Глигороска, Клара Бос, Лидија Јошевска, Весна Рохр, Диана, Лана… А во делот на едукативните содржини благодарноста и ја посветуваме на Маја Ѓореска Николовска.

Ви порачуваме да верувате истрајно во она што го работите за да го остварите сонуваниот успех, а на сите кои нѐ поддржавте и гласавте за нас срдечно Ви заблагодаруваме!

Марија и Катерина

Сподели: