кои зачини да ги користите за подготовка на свинско месо

Кои зачини да ги користите за подготовка на свинско месо

Иако постојат одредени намирници кои се највкусни без никакви додатоци, сигурно ќе се согласите дека зачините им даваат подобар вкус на повеќето јадења. За да го направите ручекот повкусен, неопходно е да знаете кои зачини да ги користите со која храна. Во оваа прилика ви откриваме кои зачини да ги користите за подготовка на свинско месо.

Свинското месо оди одлично со голем број зачини, но лукот, рузмаринот или коријандерот ќе го извлечат најдоброто од свинското месо. Продолжете со читање и дознајте кои зачини е најдобро да ги користите за подготовка на свинско месо.

зачини за подготовка на свинско месо

Лук

Еден од најчестите зачини што се користи за подготовка на свинско месо е лукот. Можете да го користите во секое јадење што го подготвувате со свинско месо. Покрај тоа што му дава пријатен вкус, лукот го омекнува месото за време на готвењето. Најдобро е да го изгмечите, па да го додадете во садот за време на готвењето.

Рузмарин

Уште еден зачин кој успешно го нагласува одличниот вкус на свинското месо, а најчесто се користи при подготовка на печено месо и скара. Исто така, често се користи и за подготовка на маринада.

Мајчина душица

Мајчината душица има продорен вкус и може да се користи во сите јадења со свинско месо. Можете да користите сува или свежа мајчина душица. Припаѓа на семејството нане и има лековити својства како што се антибактериско и антисептичко дејство.

Ким

Кимот е автохтоно растение од источниот Медитеран и Индија, но денес се користи во многу култури низ целиот свет. Кимот доаѓа во две форми: во зрно и мелен (во прав). Може да се стави врз месото пред печење или да се додаде во чорба или гулаш.

Коријандер

Зачинот што најмногу се користи при подготовка на свинско месо е коријандерот. Листовите и сушените семиња од овој зачин се јадат и имаат различен вкус. Листовите се користат во голем број на салати, а додека семето се користи во супи и чорби.

Ѓумбир

Многу популарeн зачин во Азиската и Карипската кујна. На свинското месо му дава богат и зачинет вкус. Најчесто се користи за подготовка на гулаш и печено месо. Може да го користите самостојно или во комбинација со горе наведените зачини.

Наша препорака:

Зачините го збогатуваат и интензивираат вкусот на свинското месо. Но, ниту еден зачин нема да ви помогне да го подобрите вкусот, ако месото е со лош квалитет. Затоа препорачуваме секогаш да набавувате месо од проверени производители. Од нашето позитивно искуство со свежо и квалитетно свинско месо може да ги препорачаме Агриа. Посетете ги нивните месарници во Битола, Штип и Велес и уверете се во квалитетот на месото. Свежото свинско месо од Агриа може да го најдете во Тинекс и Рамстор маркетите. Агриа е македонска компанија која има свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, а свежото месо се доставува секој ден до нивните месарници.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 трикови за подготовка на меко и сочно месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: