Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, креиравме едукативни предавања, се дружевме со средношколците и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за Најдобар сајт 2017. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, а квалитетот може да биде препознаен. Драги пријатели, да ве информираме дека ги добивме резултатите од изборот за Сајт на годината 2017. И овој пат, Сѐ за храна е меѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија, во конкуренција од преку 200 пријавени сајтови.

Гостување на sezahrana.mk во утринската ,,Ја сакам Македонија” по повод „Светскиот ден на храната“

Да придонесеме сите по малку за да стане многу! – тоа е една од препораките кои беа споделени од уредниците на sezahrana.mk , М-р Катерина Шамбевска и М-р Марија Кочовска, по повод светскиот ден на храната во рамките на утринската емисија „Ја сакам Македонија“, која се емитува на ТВ Сител.