Гостување на sezahrana.mk во утринската ,,Ја сакам Македонија” по повод „Светскиот ден на храната“

Да придонесеме сите по малку за да стане многу! – тоа е една од препораките кои беа споделени од уредниците на sezahrana.mk , М-р Катерина Шамбевска и М-р Марија Кочовска, по повод светскиот ден на храната во рамките на утринската емисија „Ја сакам Македонија“, која се емитува на ТВ Сител.

Светскиот ден на храната се одбележува секоја година на 16-ти Октомври, а со оглед на енормното зголемување на светската популација и промените на климата, мотото на овогодинешното одбележување на овој ден е „Климата се менува, храната и земјоделство мора да се менуваат“. Во таа насока, говореа и уредниците на сајтот и споделија свои препораки. Исто така, на кратко ја раскажаа приказната за своите почетоци и приготвија свои здрави рецепти за здрава проја со семиња и здрави бомбици со јаболка без шеќер.

Ja sakam Makedonija TV sitel sezahrana.mk 2

Имајќи предвид дека до 2050 година се очекува човечката популација на земјата да брои околу 9 милијарди жители, целта и напорите на ФАО во светски рамки е поттикнување на свеста за зачувување на природните ресурси на земјата, нивно штедење и спречување од уништување. Сите активности кои се преземаат се со цел постигнување на „Нула лица кои ќе гладуваат во светот“, односно запирање на гладот затоа што сиромашното население и луѓето кои се занимаваат со агрокултура би биле најпогодени . Некои од препораките се:

  • заштита и зачувување на природните богатства на земјата
  • правилно чување на храната за да се сочува нејзиниот квалитет
  • консумирање на балансирана храна, со поголемо учество на храната од растително потекло
  • поттикнување на избор на органска храна и храна произведена од локални производители
  • штедење на енергијата и водата, како и нивно правилно распределување
  • намалување на потрошувачката на вода за време на туширање, миење на заби и слично
  • подготовка на храна во соодветни количини, донирање на храната која е вишок итн.

Сподели: