„Ти се каснува нешто благо и вкусно, но се грижиш за начинот на исхрана и бројот на калории? Имам супер предлог кој го креирав во кујната! Пробај ги здравите бомбици со јаболка и цимет, кои се прават многу лесно, а не содржат шеќер.
Ги направив и го почестив семејството и пријателите, а сите кои ги пробаа го потврдија нивниот фантастичен вкус, надополнет со аромата на печено јаболко и цимет. Па, што чекаш? Засукај ги ракавите и ајде во кујната. Посно, вегетаријанско, здраво уживање, без глутен!“ – вели Марија која ги направи здравите бомбици.

Состојки:
- 6 јаболка
- 2 чаши овесни снегулки
- 2 лажици мед
- 2 лажици ленено семе
- 2 лажици сусам
- 2 лажици сончоглед
- цимет по вкус.
Подготовка:
- Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги. Ренданите јаболка ставете ги во тенџере на оган на средна температура и покријте ги со капак. Динстајте ги со повремено мешање додека омекнат.
- Омекнатите јаболка тргнете ги од огнот и во тенџерето додајте ги овесните снегулки, медот, лененото семе, сусамот, сончогледот и наросете цимет. Измешајте ја убаво смесата и со рацето формирајте топчиња во големина на орев.
- Колачињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 180 степени за време од 5 минути. Печените бомбици со јаболка и цимет оставете ги да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!
Препорака од авторот:
Посети ги моите профили и пронајди ја твојата инспирација за подготовка на вкусно јадење или десерт. Може да ме следиш на:
- Facebook: Marija Kocovska
- Instagram: @kocovska.marija
Автор на рецепот и фотографиите: Марија Кочовска – @kocovska.marija.
Ви предлагаме да прочитате: Здрави бомбици со овесни снегулки.