гласање за најдобар сајт 2017

Гласајте за Сѐ за храна да биде најдобар сајт за Храна и здравје за 2017

Почитувани пријатели, минатогодишното признание и освоеното 2-ро место на изборот Сајт на Годината, во категоријата Најдобар сајт за Храна и Здравје, значеше голем поттик за да работиме понапорно и да одиме чекор напред за да ви го пружиме најдоброто од нас. Искрено се заблагодаруваме, затоа што верувајте успехот не би бил можен без вас и вашата поддршка!

Ние, авторите на Сѐ за храна се трудиме да излеземе во пресрет, да креираме рецепт за секое ваше барање, да одговориме на сите ваши прашања, да ја пронајдеме идеалната исхрана за вас, да одржиме голем број на едукативни предавања, да се дружиме, патуваме и дегустираме храна заедно со сите вам, со кои секој ден ја градиме најголемата интернет енциклопедија за храната и здравјето напишана на македонски јазик од голем број автори, читатели и љубители на храната… Tокму вие, читателите сте нашата инспирација за неуморно да работиме и со задоволство да одговараме на сите барања кои ги доставувате до нашиот тим. А сега, на крајот на годината, повторно имаме чест да се најдеме меѓу најдобрите. Сега пријатели, изборот останува на вас, да изберете и оцените во кој сајт имате доверба, од каде сте дознале нови информации, што корисно сте научиле, дегустирале и направиле изминатата година. Во оваа прилика, ве информираме дека Сѐ за храна е номинирана на натпреварот за најдобар сајт за 2017, во повеќе категории:

  • Најдобар сајт за 2017
  • Најдобар сајт за Храна и здравје
  • Најдобар сајт за невладини организации
  • Најдобар мобилен сајт
  • Најдобар блог.

Така, доколку и вие се согласувате дека Сѐ за храна заслужува да добие прво место во категориите Храна и здравје, Најдобар сајт за невладини организации, Најдобар блог како и во другите категории во кои сме номинирани, ве замолуваме да гласате за Сѐ за храна со 10 поени (тоа е најдесно), во наведените категории. Линкот за гласање е следниот: sajtnagodinata.mk

Гласањето опфаќа неколку лесни чекори. За таа цел ви припремивме кратко и сликовито упатство за гласање:

Чекор 1:  а) Кликнете тука и откако ќе ви се отвори страната која наликува на подолу прикажаната фотографијата, кликнете на полето Гласај.

гласање за најдобар сајт 2017 1

б) Во празниот бел простор, прво напишете ја вашата e-mail адреса, па штиклирајте дека не сте робот и кликнете на полето Испрати.

гласање за најдобар сајт 2017 2

На крај, ќе ви се појави зелено означеното поле, што значи дека овој чекор е успешно завршен.

гласање за најдобар сајт 2017 3

Чекор 2: Отворете го вашиот e-mail, потоа отворете ја пристигнатата порака, па кликнете на означениот линк (со сина боја и потцртан со црвена линија).

гласање за најдобар сајт 2017 4

Чекор 3: Ова е најважниот чекор на кој треба да посветите внимание.

Веднаш штом кликнете, ќе ви се отвори категоријата Најдобар сајт за 2017, а малку подолу ќе ја најдете и категоријата Храна и здравје, како и категориите за Невладини организации и Најдобар блог и Најдобар мобилен сајт. На приказот подолу, ви ги означивме со црвено и со редно бројче, категориите кои треба да ги отворите ако сакате да гласате за нас. Воедно, ова е и пример како можете да гласате. Така, откако ќе ја пронајдете секоја од спомнативе категории, изберете 10 поени за Сѐ за храна, па кликнете/одберете на кој ќе му дадете 6, а на кој ќе му дадете 2 поени. За гласањето да биде успешно, задолжителна е распределбата на 10, 6 и 2 поени во соодветната категорија (како што е примерот подолу, а истото важи се за секоја категорија за која сакате да гласате). Значи можете да гласате во 3 или 4 категории или колку што сакате, само во нив мора да се избрани сите три полиња, а категориите во кои што не сакате да гласате не мора да ги пополнувате воопшто, тоа не е задолжително. За гласањето да биде валидно, потребно е да давате по 3 гласови во избраните категории: Храна и здравје, Најдобар сајт, Невладини организации, Најдобар блог и Најдобар мобилен сајт.

гласање за сајт на годината 2017 5

Чекор 4: На крај, кликнете на полето Потврди сместено веднаш под категориите и со тоа успешно сте го завршиле гласањето. Тоа може да потрае неколку секунди, па ве информираме да не ја затворате страницата пред да ви излезе текст „Ви благодариме што гласавте.“ (како на приказот подолу).

гласање за најдобар сајт 2017 6

Кликнете тука за да гласате.

Искрено ви благодариме за несебично пружаната поддршка! Гласајте, затоа што имате право да ги изберете најдобрите сајтови, искажете го вашето мислење и наградете ги оние кои заслужиле. А доколку имате прашања за начинот на гласање пишувајте ни на info@sezahrana.mk

Со почит,

Тим на Сѐ за храна

Сподели: