Основачите на sezahrana.mk одржаа предавање „Здрава храна за здраво срце“

На 23 Февруари во просториите на Американското катче во Битола, основачите на sezahrana.mk одржаа предавање за подобрување на животот на тема „Здрава храна за здраво срце“.

Модератори на предавањето беа М-р Катерина Шамбевска и М-р Марија Кочовска. Целта на настанот беше да се одбележи Февруари како Месец на срцето и да се поттикнат семејствата и поединците да направат мали промени во секојдневните навики и животниот стил во насока да го подобрат здравјето. На предавањето беа споделени голем број на совети за правење на мудри избори на храна, креирање на квалитетни дневни мениа и готвење со здрави состојки. Во текот на предавањето и на крај имаше можност за прашања, па се разви одлична дискусија со посетителите.

здрава храна за здраво срце

Ние од Сѐ за храна се заблагодаруваме на Американското катче за соработката и се надеваме на уште многу други едукативни предавања за храната во иднина.

Во склоп на предавањето ви предлагаме да прочитате: Лековит напиток за здраво срце стар 800 години.

Сподели: