Бесплатно предавање - Зајакнување на имунитетот во време на пандемија

Бесплатно предавање – Зајакнување на имунитетот во време на пандемија

По повод освоеното прво место за најдобар сајт за Храна и здравје, ве покануваме на нашето бесплатно предавање – вебинар во среда на 23.12.2020 г во 18:00 часот. Ќе зборуваме како може да се зајакне имунитетот овој период, која храна се препорачува, кои совети треба да се применуваат, а ги препорачуваат нутриционистите и докторите.

Основачите на Сѐ за храна одржаа предавање на Биотехничкиот факултет во Битола

Основачите на Сѐ за храна одржаа предавање на Биотехничкиот факултет

М-р Марија Кочовска и М-р Катерина Шамбевска Спасеновска, основачите на ЗЕК СЕ ЗА ХРАНА и главни уредници на sezahrana.mk, во соработка со Факултетот за биотехнички науки – Битола, во вторникот, на 25.12.2018 година, одржаа предавање на тема „Мојата успешна приказна“.

Сѐ за храна со едукативно предавање 1

Сѐ за храна со едукативно предавање го одбележа Светскиот ден на храната

По повод Светскиот ден на храната, Сѐ за храна во соработка со Американското катче од Битола, одржаа едукативно предавање под мотото „Моето искуство: Како да јадеме здраво? – Нашите дејствија се наша иднина. Свет Без Глад до 2030 година е возможен”.

Интерактивно предавање од Сѐ за храна „Моето искуство: Како да јадеме здраво?“

Драги наши читатели, во пресрет на Светскиот ден на храната (16 октомври), во соработка со American Corner од Битола со големо задоволство го најавуваме интерактивното предавање „Моето искуство: Како да јадеме здраво?“

Основачите на sezahrana.mk одржаа предавање „Здрава храна за здраво срце“

На 23 Февруари во просториите на Американското катче во Битола, основачите на sezahrana.mk одржаа предавање за подобрување на животот на тема „Здрава храна за здраво срце“.

Уредниците на Сѐ за храна одржаа предавање 1

Уредниците на Сѐ за храна одржаа предавање на тема: Спортуваме и компјутерски се надоградуваме

Денешниот стил на живот наметнува многу седечки задачи и работни обрврски, а скоро секој од нас тоа го пренесува и во рекреативните активности. Така, наместо децата да играат на улица играат на мобилни и таблети, а скоро сите активности на денешниот млад и возрасен човек се поврзани со седење. Со цел децата да се оттргнат од постојаното седење на компјутер, мобилен телефон или таблет и повеќе да спортуваат, во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа едукативно предавање на тема „Спортуваме и компјутерски се надоградуваме“.

се за храна предавање на ТТФ Велес

Основачите на Сѐ за храна одржаа предавање на ТТФ Велес

М-р Марија Кочовска и М-р Катерина Шамбевска, основачите на ЗЕК Се за храна и главни уредници на sezahrana.mk, по покана на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, овој месец пред студентите од насоката Нутрицинизам, одржаа предавање на тема „Мојата успешна приказна“.