Уредниците на Сѐ за храна одржаа предавање 1

Уредниците на Сѐ за храна одржаа предавање на тема: Спортуваме и компјутерски се надоградуваме

Денешниот стил на живот наметнува многу седечки задачи и работни обрврски, а скоро секој од нас тоа го пренесува и во рекреативните активности. Така, наместо децата да играат на улица играат на мобилни и таблети, а скоро сите активности на денешниот млад и возрасен човек се поврзани со седење. Со цел децата да се оттргнат од постојаното седење на компјутер, мобилен телефон или таблет и повеќе да спортуваат, во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа едукативно предавање на тема „Спортуваме и компјутерски се надоградуваме“.

На истото се дискутираше за последиците од долгото седење и консумацијата на нездрава храна врз здравјето, а беа споделени и повеќе препораки како децата да се насочат да внимаваат на своето здравје и да водат здрав начин на живот.

Уредниците на Сѐ за храна одржаа предавање 2

Имајќи ги во предвид истражувањата кои покажуваат дека седењето и нездравиот начин на живот допринесуваат за зголемување на смртноста кај населението за околу 40%, дел од темите беа „Како влијае седењето врз нашиот живот“?, „Има ли значење изборот на храна за подобра енергија ако не практикуваме физичка активност и колкаво е влијанието?“, „Колку физичка активност и кои практики на исхрана се најдобри?“ итн.

На предавањето учениците исто така имаа можност да слушнат искуства и препораки за навиките на исхрана и поврзаноста со седечкиот начин на живот од М-р Катерина Шамбевска и М-р Марија Кочовска, основачи и уредници на сајтот sezahrana.mk. Исто така, како гостин на предавањето беше и спортистот Ристо Димитров – Чурино, кој ја освои првата ММА титула и стана европски првак на ИСФА и го сподели своето искуство за бенефитот од спортот и колку е добро да се спортува.

Можеби ќе ве интересира: Основачите на Сѐ за храна одржаа предавање на ТТФ Велес.

Сподели: