Размислуваш што да приготвиш за појадок? Или пак што да понесеш на работа или училиште? – Имам супер идеја за брз крцкав сендвич со сланина, јајца и кашкавал.
Идеите за здрав и балансиран појадок секогаш се добредојдени! А предизвик е како да направиме брз појадок, кој е хранлив и ќе ни даде енергија за преку денот? Инспирирани од новиот протеински леб на Жито Лукс, споделуваме нов рецепт за авокадо тост со јајце кој ќе ви биде на листата на омилени рецепти.
Ние ги обожаваме домашните здрави намази! Лесно се прават, хранливи се и вкусни. Тие се идеални за здрав почеток на денот. Во комбинација со парче тостиран леб може да се добие вистинско гастрономско уживање кое ќе ги задоволи сите ваши сетила. За денес ви подготвивме баш таков рецепт, за домашни брускети со намаз од авокадо.