Брзи тост лепчиња - гратинирани 1

Брзи тост лепчиња – гратинирани

Ако ви се најавиле изненадни гости или не знаете со што брзинско да се почестите за време на домашно кино, вака припремените брзи тост лепчиња ќе ви завршат работа. Многу се вкусни, сочни и крцкави во исто време!

За многу кратко време ќе припремите мини гратинирани залчиња за цело друштво!

gratinirani tost lepcinja 2

Состојки:

  • 6 парчиња тост леб
  • 6 листови тост салама
  • 6 листови кашкавал
  • 12 црни маслинки
  • најмалку 9 лажици кечап.

Подготовка:

  1. Тост лепчињата наредете ги во плех за печење, а најдобро е претходно да го обложите со хартија за печење.
  2. Секое лепче убаво премачкајте го со 1,5 – 2 лажици кечап и тоа до самите рабови.
  3. Потоа на секое од лепчињата ставете по еден лист тост салама, па на спротивните агли ставете по две половинки маслинка и на крај покријте со лист кашкавал.
  4. Одозгора поросете со оригано.
  5. Така припремените лепчиња ставете ги во загреана рерна на 220 степени и печете ги додека се стопи кашкавалот одозгора. По желба, можете да печите во микробранова.
  6. Секое лепче пресечете го дијагонално, така што во секоја половинка ќе остани по една или две од вметнатите маслинки. Сервирајте по 3 лепчиња или 6 половинки на лице.

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Брзо мезе – полнети шампињони.

Сподели: