Може да се каже дека припремата на овој специјалитет е повеќе идеја отколку што е рецепт. Печурките се одлично мезе, а посебно кога станува збор за разни летни забави и дружби, полнети шампињони се секогаш добра идеја за разладување со ладно пиво и потполно уживање.
Постојат бројни рецепти за полнети шампињони, а рецептот кој го најдовме на блогот Кuhinjica mignone е испробано вкусен, па ви предлагаме да го пробате и вие.
Состојки:
- шампињони
- 1 главица ситно сечкан кромид
- мелено месо или ситно сечкан колбас
- зеленчук (грашок, пченка, морков или друго по желба)
- црн пипер и сол по вкус
- рамна лажичка црвена пипер
- 1 јајце
- рендан пармезан
- малку масло.
Подготовка:
- Најпрво отстранете дршките од шампињоните, па ситно исечкај ги.
- Во тава со малку масло пропжете го сечканиот кромид, додајте ги дршките и заедно кратко динстајте ги.
- Додајте мелено месо или ситно сечкан колбас во количина по желба.
- Потоа додајте го зеленчукот и сите зачини. Убаво измешајте и оставете да се излади, па додајте го јајцето за добро да се поврзи смесата.
- Издлабените печурки наполнете ги со смесата, поросете ги со пармезан и малку масло, па кратко печете ги на 180-100 степени.
Мезето е спремно. Поканете пријатели и уживајте заедно во некоја домашна летна бавча дегустирајќи полнети шампињони и ладен пијалак за освежување. На здравје!