брускети со авокадо

Брускети со намаз од авокадо

Ние ги обожаваме домашните здрави намази! Лесно се прават, хранливи се и вкусни. Тие се идеални за здрав почеток на денот. Во комбинација со парче тостиран леб може да се добие вистинско гастрономско уживање кое ќе ги задоволи сите ваши сетила. За денес ви подготвивме баш таков рецепт, за домашни брускети со намаз од авокадо.

Крцкави, кремасти, сочни, освежителени и што е најважно здрави. Така би ги опишале овие брускети. Совршени се за расонување во летните жешки утра, а се одличен предлог за вкусно мезе со пријателите.

брускети со авокадо

Состојки:

  • 4 подебели парчиња интегрален леб
  • 1 големо зрело авокадо
  • сок од 1/2 лимон
  • ½ чаша варена пченка
  • 2 сечкани домати
  • 1 страк млад кромид
  • 1 чешне лук или лук во прав по желба
  • маслиново масло по потреба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Во помал сад испасирајте го авокадото. Во садот додајте ги ситно сечканиот млад кромид и зрната варена пченка, и измешајте.
  2. Потоа, додајте сок од половина лимон и зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус. Намазот добро измешајте го.
  3. Парчињата леб ставете ги во тостер да се потпечат. Топлите лепчиња истријте ги со лук или наросете ги со лук во прав.
  4. Вака подготвените парчиња леб, премачкајте ги со готовиот намаз од авокадо.
  5. Потоа, секое парче леб прелијте го со малку маслиново масло и сервирајте го со ситно сечкан домат. Брускетите се готови, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате:  Тостирани лепчиња со сос од павлака, лук и босилек.

Сподели: