Тостирани лепчиња со сос од павлака, лук и босилек 1

Тостирани лепчиња со сос од павлака, лук и босилек

Избегајте од секојдневието и внесете креативност во јадењето! Тостирањето го овозможува тоа. Брановидниот изглед, крцкавата кора, неодоливиот мирис и сочност… Сето тоа ги прави овие тостирани лепчиња со сос идеална идеја за појадок и совршена можност за промена на менито!

По желба можете да изберете интегрален, бел или каков и да посакате леб, а комбинацијата на состојки ќе му даде одличен вкус. Со мерак одгледуваме босилек и често е инспирација за разни убави рецепти, па така настана и овој. Задоволни од вкусот, сакавме она што е добро да го споделиме со сите вас. Пробајте, нема да се каете!

Може да ве интересира: Зошто босилекот треба да биде вклучен во секојдневната исхрана?

Тостирани лепчиња со сос од павлака, лук и босилек 2

Состојки:

*за два тоста

  • 4 лепчиња
  • 2 кришки кашкавал
  • малку чадено месо, врат, чајна, пршута, шункова салама, по желба

За сос:

  • 1/2 павлака
  • 5-6 ливчиња босилек
  • 1 или 1/2 чешне лук по вкус.

Подготовка:

  1. Во сад ставете ја павлаката, ситно сечканиот босилек и со алатка иситнетиот или многу ситно исечкан лук. Измешајте.
  2. Со сосот премачкајте ја прво внатрешната страна на лепчето, па ставете кришка кашкавал и од чаденото месо по ваш избор.
  3. Поклопете со другото лепче и пред да го ставите да се печи на претходно загреаниот тостер, премачкајте ја и надворешната страна со сосот. За неколку минути може да уживате во топлиот и крцкав тост, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи тост лепчиња – гратинирани.

Сподели: