Како што минува времето, на кожата се јавуваат првите знаци на стареење и замор. Наместо да купувате скапи кремови кои се нудат по продавниците, направете природен ботокс – маска за лице во вашиот дом со природни состојки.

Убавата и сјајна кожа е сон на секоја девојка и жена. Но, дали знаете дека нема потреба да трошите многу пари и време во потрага по скапи маски за лице? Природните, домашни маски за лице се прават со едноставни состојки од кујната, а се ефикасни, евтини и лесно достапни. Изберете ја маската која одговара на вашиот тип на кожа, направете ја и нанесете ја на лицето. Резултатите се видливи веднаш и може уште по првиот третман да се забележи освежување на уморната кожа.
Маслиновото масло стекна голема популарност и ужива добро мислење кај голем број жени кога станува збор за природна нега. Досега многу често сме слушале за негова многу едноставна употреба за нега на лицето, во вид на облоги за прихрана на кожата, а сега ви предлагаме малку надополнета примена во вид на хранлива маска против брчки и тоа посебно наменето за намалување на брчките во делот околу очите.
Гените играат важна улога во процесот на стареење и појавата на брчки, но подеднакво важен фактор е храната која се внесува во телото. Ние не можеме да го победиме овој природен процес целосно, но затоа можеме да го одложиме нашето стареење со исхрана која е богата со антиоксиданси. Освен тоа, важно е да се избегнува храна која е масна и содржи високо ниво на јагленихидрати, додека пак овошјето, зеленчукот, житарките и гравот, се ваши сојузници во постојаната борбата против стареењето.
Стареењето е природен процес и нешто што не може да се избегне. Неможноста за брчките да се отстранат целосно е непријател број еден на сите жени, па и мажите кои ја негуваат младоста и младоликиот изглед, посебно на кожата на лицето. Ви предлагаме 5 природни маски против брчки кои ние ги издвоивме за вас.