Секогаш е добра идеја да ја негувате вашата кожа со ефективна природна маска против стареење на лицето. Искористете ги природните состојки од домашната кујна и со мед, јогурт, лимон и куркума, негувајте ја својата младост!

Јогуртот е богат извор на витамини, меѓу кои е витаминот А, кој е многу значаен кога станува збор за ублажување на брчките на кожата и преземање на мерки против стареење на лицето. Истражувањата покажуваат дека и самото консумирање на јогурт, како дел од исхраната придонесува за подобар изглед на кожата и младешки ефект.
Но, кога се нанесува директно врз површината на кожата, ефектот на јогуртот е поизразен и затоа ви предлагаме да ја пробате оваа природна маска против стареење на лицето.
Состојки:
- 1 лажица мед
- 2 лажици јогурт
- 1 лажица сок од лимон
- прстофат куркума.
По желба може да додадете и една капсула витамин Е, иако не е неопходна.
Подготовка:
- Во чист сад ставете ги состојките. Убаво измешајте и ефективната природна маска против стареење на лицето е спремна за употреба.
- Со нежни движења и масажа, маската нанесете ја на лицето и оставете да стои околу 10 минути.
- Исплакнете со топла вода и уживајте во ефектот на младост.
Ви препорачуваме да ја направите оваа природна маска против стареење на лицето и да повикате пријател за друштво и заедничка нега. На тој начин, преку забава ќе ја сочувате убава вашата кожа и ќе ја негувате вашата младост. За потполна домашна нега на лицето, може да ги пробате домашните пилинзи кои ќе ја освежат кожата на вашето лице, а доколку сакате да си направите домашен пилинг маска од белка која ја затегнува кожата и делува како природен ботокс, кликнете тука.