Намалувањето на телесната тежина е тесно поврзано со губењето на косата и генерално се должи на состојбата која е уште позната и како телоген ефлувиум. Во нормални услови косата расте околу 1-3 см месечно, во период од 2 години, па преминува во фаза на одмор која е наречена телогена фаза. На крајот од оваа фаза, старите влакна паѓаат за да напрват простор за новите влакна кои треба да никнат. Околу 10 % од косата оди во фаза на одмор, но понекогаш физичкиот и емоционалниот стрес може да предизвикаат во оваа фаза да се најде повеќе коса од вообичаено, што резултира со видливо проретчување на косата.
