опаѓањето на косата

5 намирници кои се борат против опаѓањето на косата

Физиолошки, секојдневно од косата паѓаат 50-80 влакна кои се заменуваат со нови. Најчесто во есен опаѓањето на косата е поинтензивно, но косопадот може да е поттикнат и од некои здравствени проблеми и состојби. Ако опаѓањето на косата е подолготрајно и обемно, консултирајте со вашиот матичен доктор или посетете дерматолог, за да добиете соодветна терапија. Покрај тоа, можете да го промените и начинот на исхрана, па така да го спречите или пак намалите опаѓањето на косата.

Во продолжение ви претставуваме 5 намирници кои се сојузници на убавата и здрава коса. Истите би требало да ги вклучите почесто во исхраната, а посебно доколку се соочувате со опаѓање на косата.

Мед против чешање на скалпот и опаѓање на косата

Во една студија се вршело истражување на група пациенти кои се соочувале со себороичен дерматит, заболување кое се карактеризира со чешање на скалпот и губење на косата. Оние лица кои аплицирале на својот скалп мешавина од 90% мед и 10% вода на секој втор ден во текот на 4 недели, пријавиле подобрување на изгледот на косата.

5 намирници кои се борат против опаѓањето на косата

Омега 3-6-9 и антиоксиданси за убава и здрава коса

Во една друга студија пак лицата кои страдале од опаѓање на косата во својата исхрана добиле додаток кој содржи омега-3, омега-6 масни киселини и антиоксиданси. Овај додаток го земале во рок од 6 месеци. После завршувањето на истражувањето, 90% од испитаниците пријавиле намалување на опаѓањето на косата, додека пак 86% забележале подобрување на растот на косата, а 87% истакнале и дека нивната коса имала и подобар квалитет. Храна која што е богата со овие масни киселини се:

  • јаткастите плодови особено оревите
  • семињата
  • ладно цедените масла.

Освен тоа, во исхраната можете да вклучите Super Omega 3-6-9. Super Omega 3-6-9 е мешавина на риба, лисичинка и масло од ленено семе. Оваа комбинација на добро познати хранливи масла има уникатен баланс на Омега-3 и Омега-6 есенцијални масни киселини, плус Омега-9, не есенцијална, но корисна масна киселина. Омега-3 масните киселини, Алфа линоленска киселина, EPA и DHA, и Омега-6 масната киселина, GLA, се неопходни за одржување на здравјето на кожата, нормален баланс на имунолошкиот систем и правилна функција на нервниот систем. За повеќе информации и нарачки, посетете ја онлајн продавницата на Trimeks, јавете на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или побарајте го Super Omega 3-6-9 во сите аптеки.

Лососот е богат со протеини и помага во градбата на влакната

Влакната на косата се изградени од протеини, исто како и ноктите. За да се поттикне растот на нови влакна, а воедно да се обноват старите, се препорачува да се консумираат протеини. Тие се потребни за производство на кератин кој е клучна компонента во структурата на косата.

Морската храна е одличен извор на протеини. Затоа, јадете повеќе риба, а особено лосос. За лососот се знае дека го подобрува здравјето на косата. Тој покрај тоа што содржи протеини, изобилува и со Омега-3 масни киселини.

Јадете храна која е богата железо и витамин Ц

Една студија покажала дека жените кои страдаат од губење на косата имаат значително пониско ниво на железо и витамин Д2. Затоа, се препорачува да се консумира храна која е богата со железо и витамин Ц кој ја помага неговата апсорпција, како што се спанаќот и спирулината. Покрај нив, се препорачува да се консумираат тврдо варени јајца или печурки, со цел да се задоволат потребите и од витамин Д.

Може да ве интересира: Недостатокот на витамин Ц може да биде причина за опаѓање на косата.

Остригите се еден од најдобрите извори на цинк

Цинкот е неопходен во борбата против опаѓањето на косата. Во едно истражување, ги споредиле нивоата на цинк кај 50 лица кои се соочувале со губење на косата поради алопеција ареата. Резултатите од истражувањето покажале дека кај сите овие пациенти нивото на цинк било значително пониско од нормалното. За среќа консумирањето на храна која е богата со цинк може значително да го забави губењето на косата. Според Националниот институт за здравство, остригите содржат најмногу цинк по порција. Други добри извори на цинк се:

  • оревите
  • спанаќот
  • јајцата
  • семето од сончоглед
  • грашокот
  • пченицата
  • овесот
  • наутот.

Ви препорачуваме да прочитате: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Сподели: