побрз раст на косата 1

8 хранливи состојки за побрз раст на косата

Сакате бујна и сјајна коса без маана? – Како и на секој дел од телото, така и на косата ѝ се потребни разни нутриенти за да биде убава и здрава. Па, малку истражувавме на темата и ви припремивме текст со потребните витамини и други корисни хранливи состојки кои помагаат за побрз раст на косата и одржување на нејзината живост, еластичност и сјај.

Здравата коса и полна со волумен е знак за убавина и грижа за целокупното здравје. Но, кога има нутритивен дефицит и се појавуваат проблеми поврзани со губење на косата, лесно е да се заклучи дека оптималниот внес на хранливи материи игра важна улога. Секако, освен исхраната, големо влијание имаат и гените, возраста и хормоните, кои фактори се тешко променливи и треба труд, време и напор за да се доведат во нормала.

побрз раст на косата 2

Витамин А

За раст на сите клетки во телото е потребен витамин А, вклучувајќи ја и косата, која се смета за најбрзо растечка во организмот. Исто така, витаминот А ја поддржува работата на кожните жлезди, кои лачат масна супстанца т.н. себум. А себумот, е важен за одржување на влажноста на скалпот и придонесува за оджување на здравјето на косата и кожата на главата.

Недостатокот, како и преголемиот внес на витамин А може да доведе до опаѓање на косата. Потребната количина на овој витамин, може да се внесе преку консумирање на храна, како сладок компир, морков, тиква, спанаќ, млеко, јајца и јогурт, без да настане недостаток или хипервитаминоза.

Б витамини

Витамините од Б комплексот помагаат во формирање на црвените крвни зрнца кои носат кислород и нутриенти до скалпот и фоликулите. Овие услови се важни за растењето на косата. Еден од најважните е биотинот или Б7 кој е најкористен против опаѓање на косата, особено кај оние кои се појавил недостаток на овој витамин. Биотинот го има во житарици од цело зрно, бадеми, месо, риба и зелен зеленчук.

Витамин Д

Многу пати, недостатокот на витамин Д се поврзува со алопеција – губење на косата. Овој витамин помага за формирање на фоликулите – ситните пори на скалпот во кои расте косата. Нашето тело најмногу го прима витаминот Д преку сонцето, а помалку од храната. А, од храната, витамин Д најмногу има во јајца, риба, црн дроб и млеко. И покрај тоа, кај голем број на луѓе постои недостаток, па е потребно да се зема како додаток на исхраната. Кога треба да се земе, консултирајте се со лекар или фармацевт, а што е важно изберете проверен бренд.

Снабдете го организмот со потребната количина на витамин Д со помош на NOW® Vitamin D-3. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула. NOW® Vitamin D-3 е корисен за:

  • поздрава кожа и коса
  • посилни коски
  • подобро расположение
  • посилен имунитет

Употребата на NOW® Vitamin D-3 се препорачува при подолг престој во затворен простор, бременост, употреба на лекови, болки во коските и т.н. Нашите пријатели Тримекс го имаат витаминот Д во вид на меки капсули од 1000 ИЕ и 10 000 ИЕ, како и во вид на капки од 400 ИЕ.

Цинк

Цинкот игра важна улога во растот и опоравувањето на косата. Помага и во правилно функционирање на масните жлезди околу фоликулите. Опаѓањето на косата е чест симптом на недостаток на цинк. Кога преку исхраната не може да се надополни потребата за цинк, потребен е дополнителен внес. Сепак, треба да се внимава бидејќи премногу цинк може да го зголеми опаѓањето на косата. Извор на цинк се јаткасти плодови, морска храна, млеко и млечни производи, житарици, јајца, месо, семиња…

Протеини

Косата, речиси целосно се состои од протеини.  Токму затоа, внесувањето на доволно протеини е важно за растењето на косата. Недоволниот внес на протеини може да го намали нејзиниот раст, па дури и да доведи до опаѓање на косата. Иако дефицитот на протеини е премногу ретка појава, почесто се случува кај вегани и вегетаријанци. Тоа се должи на тоа што, најголем извор на протеини е храната од животинско потекло, а во растителната храна ги има во помала мера.

Железо

Железото им помага на црвените крвни зрнца да носат кислород во клетките. Ова својство го прави важен минерал за многу телесни функции, меѓу кои и за растот на косата. Недостатокот на железо предизвикува анемија, а тоа е најголем причинител на опаѓање на косата. Ова е најчеста појава кај жените. Со железо се богати цвеклото, спанаќот, црвеното месо, јајцата, леќата, спирулината итн.

Спирулината е модрозелена микроалга која содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Идеална е за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна. При недостаток на железо и зголемена потреба за внес на протеини, препорачуваме да консумирате Hawaiian Spirulina. Hawaiian Spirulina уште се нарекува суперхрана затоа што е најдобар извор на биолошко железо и содржи 65% лесно сварлив протеин. Освен тоа, Hawaiian Spirulina е богата и со бета каротен, калциум, витамин Е, витамини од  групата, есенцијални аминокиселини и масни киселини, кои ја прават корисна за целиот организам. Најдобро од сѐ е што 10 грама Hawaiian Spirulina има само 36 калории, што ја прави нискокалорична храна.

Витамин Ц и витамин Е

Оштетувањето предизвикано од слободните радикали може да го блокира растот на косата и да предизвика нејзино стареење. Витамините Ц и Е се силни антиоксиданси кои штитат од оксидативен стрес и го забрзуваат растењето на косата. Покрај тоа, витаминот Ц е потребен за формирање на протеинот колаген кој е важен дел од структурата на косата. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо. Јагоди, пиперки, зелка, магдонос, цитрусно овошје, јаболка, се само дел од намирниците богати со витамин Ц. Витаминот Е го има во бадеми, семки од сончоглед, спанаќ авокадо…

Недостатокот на витамин Ц може да биде проблем. Но, не грижете се! Тука е AlphaSorb-C. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки. Поради неутралната pH вредност, AlphaSorb-C е погоден за луѓето кои имаат чувствителен желудник. Ова е уникатна формула на високо достапен биолошки витамин Ц, која се апсорбира 4 пати подобро во организмот. AlphaSorb-C содржи треонска киселина која ја зајакнува клеточната апсорбција на витаминот Ц, како и алфа липоична киселина, aнтиоксиданс кој помага во регенерацијата на витаминот Ц во организмот. AlphaSorb-C помага и за подобро искористување на витаминот Ц во организмот, создавање и стабилизирање на колагенот и jа подобрува апсорпцијата на железо.

витамин ц и спирулина за побрз раст на косата 3

Производите на Тримекс може а ги нарачате со бесплатна достава, преку нивната онлајн продавница. Истите ги има и во повеќето аптеки низ земјава.

За повеќе информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобри витамини за цврста коса препорачани од нутриционистите.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: