5 знаци кои укажуваат на тоа дека старееме пребрзо 1

5 знаци кои укажуваат на тоа дека старееме пребрзо

Нашите тела се неверојатни уметнички дела. Тие преку суптилни, а сепак многу очигледни знаци ни укажуваат за сѐ што треба да знаеме во врска со нашето здравје. Проблемот е во тоа што ние често сме премногу зафатени или пак се плашиме, па не обрнуваме внимание на она што ни го кажува самото тело. Но, кога би обрнале внимание на сигналите кои ни ги испраѓа телото би можеле да превземеме превентивни мерки со што долгорочно би го зачувале здравјето.Често пати, фактот дека старееме пребрзо не е само естетски проблем, туку може да укажува и на одредени здравствени проблеми.

Најчесто овие знаци може да се забележат на кожата, косата и ноктите кои ја губат својата еластичност, цврстина, сјај и прават да изгледаме постари. Доколку некој од овие проблеми е хроничен, секогаш е препорачливо да се направи консултација со доктор. Секако, изгледот и стареењето се поврзани со гените на личноста, опкружувањето и животниот стил. Па така, за некого е нормално побрзо да старее, доколку и неговата мајка, баба или друг близок роднина се соочувал со тој проблем. Затоа, кога одредуваме дали старееме брзо или не, важно е да ја разбереме и нашата лична истотрија. Во продолжение ви претставуваме неколку знаци кои укажуваат на рано стареење и начини на кои може да се влијае превентивно врз истите.

5 знаци кои укажуваат на тоа дека старееме пребрзо 2

Пожолтени заби

Забите секојдневно се абат како резултат од џвакањето, пиењето и гризењето на поцврстата храна, па не е ни чудно ако забележите дека вашата насмевка не е блескава како порано.

Забниот емајл се намалува со текот на времето, особено ако често консумирате одредени видови на храна кои значително ја оштетуваат глеѓта на забите, па тие стануваат жолти. Најголема закана на блескавата насмевка претставуваат газираните пијалаци, храната богата со рафинирани шеќери и кофеинот. Па така, овој проблем можете да го намалите и стареењето на забите да го одложите така што ќе ги избегнувате овие пијалаци и храна. Исто така, треба да избегнувате чести закуски, бидејќи тоа го зголемува нивото на киселини во усната шуплина, па придонесува за послабо орално здравје. Наместо рафинирани шеќери, консумирајте повеќе свежо овошје и зеленчук. Тоа ќе помогне да го ставите вашето тело во алкална состојба, а вашите заби да бидат силни, здрави и блескави.

Ретки трепки и веѓи

Во принцип, со самото стареење хормоните се менуваат, па тоа придонесува и косата да стане потенка, а веѓите и трепките поретки. Чешлањето, исправувањето, виткањето и разубавувањето на косата низ годините ги оштетуваат фоликулите, па растењето на косата станува потешко. За да се избегнат и намалат овие проблеми треба да се консумира храна која изобилува со витамини кои го потпомагаат растот на косата како што се витаминте А, Ц и Е. Исто така, може да помогне и масажа со кокосово масло на погодените области за де се стимулира растот на косата.

Црвени очи

Црвените очи не се само резултат на ненаспаност, алергии или пак студ, тие може да бидат сигнал и за некои заболувања во вашето тело особено за одредени воспалителни процеси. Воспаленијата и стареењето се тесно поврзани, па во староста се поизразени и болките во зглобовите, артритисот и Алцхајмеровата болест.  За да ги избегните овие проблеми, збогатете ја вашата исхрана со намирници кои се богати со омега-3 масни киселини и антиоксиданси како што е бобинкастото овошје и зелениот чај. Исто така, може да правите промивки на вашите очи со зелен чај или да правите облоги со ќесичка од чај од камилица.

Промени во тенот и текстурата на кожата

Не е изненадувачки фактот дека со стареењето, кожата претрпува промени во тенот и текстурата. Но, колку брзо ќе се случат овие промени зависи и од навиките во исхраната, вежбањето и спиењето, како и од надворешните фактори како ште се честите изложувања на сонце и загадувањето. Затоа, кожата секогаш треба да се заштитува од сонце, а за таа намена може да си направите и природно средство со заштитен фактор од кокосово и маслиново масло и цинк оксид. На кожата, исто така треба и редовно да и правите пилинг и за таа цел можете да си направите домашен пилинг со шеќер, сода бикарбона и јогурт.

Може да ве интересираат: Домашен пилинг за тело со шеќер и 4 природни пилинзи за лице и тело.

Кршлива коса со расцветани врвови

Хормонскиот дисбаланс кој настанува во староста, е веројатно главната причина за кршлива коса. Но, постојат и други фактори, како што се честиот стрес, одредени терапии со лекови, боењето на косата и разни производи за нејзино стилизирање. Затоа, како што стареете треба повеќе да се грижите за вашата коса и скалпот за да ги одржите фоликулите здрави и продуктивни. Исто така, треба да се избегнуваат агресивните хемиски средства за нејзина секојдневна нега и да се заменат со природни производи богати со протеини. Можете да земате и одредени суплементи на база на биотин, а косата да ја миеет помалку пати во седмицата.

Ви препорачуваме да прочитате: Стоп за стареењето! Изберете храна која го продолжува животот.

Сподели: