Кажете стоп за стареењето! Изберете храна која го продолжува животот. Сте за запрашале ли дали тоа е возможно? Некои експерти сметаат дека одговорот е во овошјето, зеленчукот, зелениот чај и другата храна која е богата со антиоксиданси и други супстанции кои потенцијално може да го забават процесот на стареење и да го продолжат животот.
Стареењето, не ги вклучува само брчките на лицето, туку и намалување на меморијата, намалување на мозочната функција, зголемен ризик од хронични заболувања како што се срцевите болести, остеопорозата и карциномот. Со примена на здрави животни навики кои вклучуваат редовна физичка активност, доволно одмор и сон, консумирање на здрава храна може да се подобри здравјето и во подоцнежните години.
Улогата на антиоксидансите за продолжување на животот
Одредени намирници содржат можни супстанции кои се нарекуваат фитонутриенти, за кои се верува дека се клучот за долговечноста. Фитонутриентите, кои се членови на фамилијата антиоксиданси, се борат со слободните радикали кои се едни од причинителите на болестите на срцето, карциноми, остеопороза и алцхајмерова болест. Како што организмот старее така стануваме осетливи од долготрајните ефекти на оксидативниот стрес (состојба кога во организмот има премногу слободни радикали) и воспаленија на ниво на клетката. Дознајте ги 7-те причини зошто да јадете храна богата со антиоксиданси.
Храната може да ви помогне
Од овој поглед храната може да се групира во три категории: проинфламаторна (која го поттикнува воспалението), неутрална и антиинфламаторна (која го намалува воспалението).
Повеќе за оваа тема прочитајте на линкот: Што е воспаление, што го влошува и кои 25 намирници помагаат.
Која храна ја чува младоста?
За максимални резултати, треба да се јаде разновидна здрава храна. Во секојдневната исхраната консумирајте ги следните намирници кои треба да го подобрат здравјето и да го намалат стареењето.
Овошје и зеленчук
Претставуваат ризница на антиоксиданси. Консумирајте најмалку 400 грама овошје и зеленчук на ден за да може да ги искористите сите придобивки. Во исхраната вклучете:
- лук
- кромид
- праз
- зеленолиснат зеленчук
- пиперки.
Кисело млеко и јогурт
Киселото млеко и јогуртот поседуваат корисни својства, а покрај тоа содржат пробиотици кои го поттикнуваат растот на здравите бактерии во цревата. На овој начин се подобрува варењето на храната и се превенира појава на констипација (запек). Се препорачува да консумирате јогурт или кисело млеко, барем во еден од трите оброци. Добар предлог за овој тип на производи се функционалниот јогурт и функционалното кисело млеко Здравје +, кои покрај пробитоци имаат и мал процент на масти.
Интегрални житарици
Богати се со растителни влакна кои помагаат за намалување на холестеролот во крвта, а имаат и фитонутриенти како зеленчукот и овошјето. Интегралните житарици најдобро е да ги консумирате за појадок. Освен пченицата, добро е да ги вклучите и овесот, јачменот, хељдата, просото и амарантот.
Мешунки
Мешунките како гравот, леќата, грашокот и боранијата треба почесто да бидат вклучени во вашата исхрана. Потрудете се барем 4 пати во текот на неделата да ги имате на менито.
Јаткасто овошје
Оревите, лешниците, бадемите и другите јаткасти овошја се богати со витамините од групата Б, како и со здрави масти, кои помагаат за одржување на структурата и еластичноста на кожата. Доволно е да се јадат по 30 грама на ден, затоа што се богати со калории.
Вода
Водата е од суштинско значење за хидратацијата на кожата, мускулите, крвототокот и за правилно функционирање на сите органи во телото. Препораките се да се пие по 8 чаши вода на ден. Покрај тоа, има 12 функции поради кои водата е неопходна и важна за добро здравје.
Ви предлагаме да прочитате: 6 витамини кои се борат против стареење.