8 придобивки од здравиот амарант кој е симбол за бесмртност 1

8 придобивки од здравиот амарант кој е симбол за бесмртност

Многу често луѓето го сместуваат во категоријата на житарици поради неговиот нутритивен профил, а уште една важна карактеристика за ова растение е тоа што не содржи глутен и што е безбеден за употреба од страна на лицата со целијакија. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од употребата на амарант во вашата исхрана.

Амарантот е растение слично на житарица која денес најмногу се одгледува во Африка, Индија, Кина, Русија, Јужна и Северна Америка. Кај нас сеуште не е толку популарен, но сепак можеме да ја најдеме во продавниците за здрава храна.

8 придобивки од здравиот амарант кој е симбол за бесмртностн 2

8 здравствени придобивки од употребата на амарант во исхраната

  1. Амарантот ја содржи аминокиселината лизин, која вообичаено не се наоѓа во доволни количини во останатите житарици. Поради овој аминокиселински состав, амарантот претставува извор на комплетен протеин.
  2. Амарантот е одличен извор на протеини. Во една шолја амарант се содржат околу 26грама протеини, а за споредба-во истата количина ориз се содржат само 13 грама протеини.
  3. Амарантот може да има антиканцерогени и антивоспалителни ефекти. Лунасин е пептид кој се наоѓа во амарантот и е биоактивна супстанца со антиканцерогени, антивоспалителни и антихипертензивни ефекти.
  4. Ова растение е добар избор за лицата кои страдаат од срцеви заболувања. Во едно истражување било забележано намалување на нивото на вкупен холестерол, триглицериди и ЛДЛ холестеролот кај лицата кои го вклучиле амарантот во исхраната.
  5. Амарантот е богат со фитостероли кои можат да го намалат нивото на холестерол во крвта.
  6. Амарантот е многу богат со калциум и затоа е добар за превенција од остеопороза и од други состојби кои се поврзани со недостаток на калциум.
  7. Поради неговиот аминокиселински состав амарантот е многу лесно сварлива храна.
  8. Амарантот е богат со минерали и антиоксиданти. Содржи витамин С, витамин Е, железо, магнезиум, фосфор и калиум. Листовите од амарант, кои исто така може да се употребуваат во исхраната се богати со витамин С, витамин А и фолна киселина.

Автор: Маја Веловска.

Ви предлагаме да прочитате: Киноа – една од најздравите намирници во светот.

Сподели: