Спирулина против замор и за висока енергија во лето 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Спирулина против замор и за висока енергија во лето

Во лето, а и во секое годишно време, ако се чувствувате исцрпено, имате потреба од зголемена енергија, „обратете се за помош“ на една сигурна адреса – земете спирулина против замор и за висока енергија, победете ги сите препреки на природен начин!

здрава храна за убава коса

Како да го подобрите изгледот на косата? Топ намирници за есенскиот период

Косата ви опаѓа, сува е, брзо се мрси или пак имате првут? Се прашувате ли како да го подобрите нејзиниот изглед? – Безживотна сува коса која лесно се кине и опаѓа може да укажува на недостаток на одредени хранливи материи или на некои здравствени проблеми. За таа цел направивме листа на најдобрите намирници кои ја негуваат и хранат косата во есенскиот период. 

растителни извори на протеини за вегани

Најдобри извори на растителни протеини за спортисти и вегани

Нутриционистите препорачуваат дека е пожелно секој оброк да содржи барем 10 грама протеини. Но, како да ги задоволите потребите за протеини? Ако спортувате и сакате да оформите убаво тело, или пак сте веган, оваа листа ќе ви биде супер водич кон вашата цел, а воедно и ќе научите кои се најдобрите извори на растителни протеини.

никулци во исхраната 1

8 добри причини да воведите никулци во исхраната

Никулците се едни од најздравите и наједноставните видови на храна, која може да се одгледува на целосен органски начин. Можете да ги додадете во свежи салати, во супи, чорби или како прилог. Тие не се скапа храна. И покрај тоа луѓето многу ретко ги користат во својата исхрана. Ние ќе ви претставиме одлични причини за да ги внесете никулците во исхраната.

proteinski namirnici 1

8 протеински намирници за зголемување на мускулната маса

За да може мускулната маса правилно да се гради, покрај редовниот тренинг, потребна е и правилна исхрана богата со протеински намирници. Доколку сакате да ја одржите мускулната маса или да ја зголемите, потребно е да јадете најмалку 1-2 грама, па дури и 3 грама протеини по килограм идеална телесна тежина за вашата висина.

10 причини зошто да јадете пилешки стек 1

10 причини зошто да јадете пилешки стек

Пилешка супа, пилешка чорба, салата со пилешки стек, печено пиле – пилешкото месо во секоја форма е одлично за нашето здравје. Во продолжение ви претставуваме неколку причини зошто да јадете пилешки стек.

4 причини зошто да јадете повеќе индиски ореви 1

4 причини зошто да јадете повеќе индиски ореви

Одлични се за здравјето на кардиоваскуларниот систем, го помагаат слабеењето, го чуваат здравјето на усната шуплина и превенираат од појава на камења во жолчката. Корисни се и при дијабетес, па на кратко, да се јаде индиски ореви е пожелно за организмот!

Спречете го опаѓањето на косата со помош на 7 намирници

Нема човек кој не посакува да има цврста, сјајна и густа коса, но дерматолозите забележуваат дека во последниве десетина години се поголем број на жени се жалат дека имаат проблем со опаѓањето на косата. Загрижува фактот дека со овој проблем се соочуваат во се помлади години, што порано беше повеќе типично само за машката популација. Опаѓањето на косата кај мажите е познато уште како и андрогена алопеција, иако неретко андрогениот хормон е виновник и за женската алопеција.

Како да го превенирате губењето на косата кога се обидувате да ја намалите телесната тежина 1

Како да го превенирате губењето на косата кога се обидувате да ја намалите телесната тежина?

Намалувањето на телесната тежина е тесно поврзано со губењето на косата и генерално се должи на состојбата која е уште позната и како телоген ефлувиум.  Во нормални услови косата расте околу 1-3 см месечно, во период од 2 години, па преминува во фаза на одмор која е наречена телогена фаза. На крајот од оваа фаза, старите влакна паѓаат за да напрват простор за новите влакна кои треба да никнат. Околу 10 % од косата оди во фаза на одмор, но понекогаш физичкиот и емоционалниот стрес може да предизвикаат во оваа фаза да се најде повеќе коса од вообичаено, што резултира со видливо проретчување на косата.

Природни протеински додатоци за совршен енергетски шејк 1

Природни протеински додатоци за совршен енергетски шејк

Совршениот шејк за сите оние оние кои вежбаат, тренираат или пак им е потребна енергија, не мора секогаш да содржи само протеини во прав. Многу природни намирници изобилуваат со протеини, па ако ги додадете во своето утринско смуди, ќе добиете совршен енергетски шејк.

6 совети за подготовка на совршена салата 1

6 совети за подготовка на совршена салата

Ниту еден оброк не би бил комплетен без салата. Таа е одличен начин да внесете дополнителни витамини и минерали со главниот ручек. А од различни причини, често пати салатите ги консумираме и самостојно како засебно јадење. Салата во вид на оброк претставува идеално јадење за оние кои сакаат да ја регулираат својата телесна тежина, но и за сите оние кои поради било која причина не смеат да консумираат висококалорична храна, па еве неколку совети за совршена салата!

кајгана од белки

Брза кајгана од белки со тиквичка

Кога сме кај брзите и едноставни рецепти, можеме да кажеме дека ние сме голем обожавател и секогаш ни се добредојдени. А овој пат со големо задоволство го споделуваме рецептот на Катерина за брза кајгана од белки со тиквичка.

5 сигнали кои укажуваат на претеран внес на протеини од месо, риба или сирење 1

5 сигнали кои укажуваат на претеран внес на протеини од месо, риба или сирење

Понекогаш е добро ужината да биде богата со јаглени хидрати, а еве и зошто. Кога се во прашање протеините, постојат широк спектар на препораки. Многумина се занимаваат со т.н идеален процент за внесување на одредените состојки во однос на вкупните калории, но бројките понекогаш можат и да не залажат. Има неколку сигнали кои може да ви помогнат да процените дали имате балансиран внес на состојки или пак имате претеран внес на протеини, а посебно од животинско потекло.

5 симптоми кои укажуваат на недостаток на протеини 1

5 симптоми кои укажуваат на недостаток на протеини

Повеќе од најпопуларните диети на денешното време, препорачуваат зголемен внес на протеини. Сепак, многу луѓе не консумираат доволна количина од намирниците кои се богати со нив. Еве на кои симптоми треба да реагирате и да препознаете дека вашиот организам има недостаток на протеини.

факти за авокадото 1

7 интересни факти за авокадото

Пред да започнеме со  разгледување на интересни факти за авокадото, прво да ве запрашаме. Што е авокадото, овошје или зеленчук? Многумина мислат дека е зеленчук, но всушност, авокадото е овошје! Како и да е, еве неколку интересни нешта за него.