никулци во исхраната 1

8 добри причини да воведите никулци во исхраната

Никулците се едни од најздравите и наједноставните видови на храна, која може да се одгледува на целосен органски начин. Можете да ги додадете во свежи салати, во супи, чорби или како прилог. Тие не се скапа храна. И покрај тоа луѓето многу ретко ги користат во својата исхрана. Ние ќе ви претставиме одлични причини за да ги внесете никулците во исхраната.

Луѓето ги поврзуваат никулците главно со макробиотичката исхрана, што не е целосно погрешно, бидејќи тие таму се многу присутни. Сите кои сакаат здрава храна треба да користат никулци, а сега ќе ви ги откриеме причините зошто се добри.

никулци во исхраната 2

Зошто треба да јадете никулци?

Никулците ги забрзуваат функциите во телото

Научниците потврдија дека во свежите никулци има 100 пати повеќе ензими отколку во суровото овошје и зеленчук. Ензимите се посебен вид на протеини кои делуваат како катализатори на сите телесни функции. Односно учествуваат во зголемување наискористливоста на витамините, минералите, аминокиселините и масните киселини од храната. Тие ја прават секоја функција во организмот поефективна.

Содржи квалитетни протеините

Квалитетот на протеините од мешунките, житарките, оревите и семките е многу подобар кога се ‘ртени. Тоа се случува затоа што за време на нивното бабрењеи процесот на ‘ртење, протеините се менуваат и ја подобруваат сопствената хранлива вредност.

Имаатвисока содржина на растителни влакна

Содржината на растителни влакна кај гравот, оревите, семињата и житните култури е значително зголемена за време на ‘ртењето. Познато е дека растителните влакна се од големо значење за нашето здравје, особено ако сакаме да го изгубиме вишокот на килограми. Растителните влакна не само што се врзуваат за токсините и мастите во телото, тукуи ги исфрлаат. Исфрлањето се врши пред да се апсорбираат преку ѕидовите на цревата.

Зголемување на количеството на присутните витамини

Витамините од одредени видови храна се зголемуваат до 20 пати за време на ‘ртење. Ова особено важи за витаминитеЦ, А и витамините од Б комплексот.

Содржат голема количина масни киселини

За време на ‘ртењето, концентрацијата на есенцијалните масни киселини се зголемува. Многу од нас имаат недостаток од нив во телото, бидејќи организмот не може да ги синтетизира. Консумирањето наникулци е одличен природен начин да се внесат дополнителни количини на масни киселини.

Поголемото количество минерали го подобрува здравјето

За време на ‘ртењето минералите се врзуваат за протеините, со што ја прават храната покорисна. Ова најчесто се однесува на алкалните минерали како калциум, магнезиум и други, кои помагаат да се одржи рамнотежата во телото,помагаат вонамалување на телесната тежина и подобрување на општото здравје.

Лесни се за одгледување

Никулците се многу лесни за одгледување на целосно органски начин без употреба на пестициди, адитиви и други штетни хемикалии.

Гo елиминираат вишокот на киселини во телото

Никулците помагаат во алкализација на организмот. Многу тешки болести како што е ракот се поврзани токму со недостатокот на алкална средина и вишок на киселини во телото.Затоа се добри за да го елиминираат вишокот киселини во телото.

Ви препорачуваме да прочитате: Пченица – една од основните намирници на нашата планета.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: