Пченица - една од основните намирници на нашата планета 1

Пченица – една од основните намирници на нашата планета

Во последно време се појави „мода“ да се избегнува пченицата во исхраната, но оваа житарка е сепак една од основните намирници на нашата планета, ако не и најважна и најкористена житарица во светот. Токму затоа сметавме дека е добро сепак да споделиме неколку информации за хранливоста на пченицата, а секако на вас останува одлуката дали ќе ја јадете или не.

Цело зрно од пченица е богат извор на витамини и минерали. Содржи витамини од Б комплексот, бета каротен, витамин Е, калиум, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Пченицата содржи поголема количина на протеини од сите останати житарици. Масните материи се наоѓаат во клиците, а минералните во обвивката на зрното, така да најголемата здравствена корист може да се искористи само ако се консумира цело зрно.

Пченица - една од основните намирници на нашата планета 2

Комбинирањето на пченицата со мешунки овозможува оброк со поголема биолошка вредност. Добро е да знаете дека редовна употреба на варена пченица делува превентивно во спречување на запек, хемороиди, како и рак на дебело црево. Во врска со хранливата вредност, треба да знаете дека 100 грама пченица содржи 351 калорија, 13 грама протеини, 2.5 грама масти и 70 грама јаглени хидрати.

За крај, ќе ви препорачаме дека секоја храна кога се употребува умерено е добра и корисна, а кога би претерале, веројатно е дека може да биде штетна. Тука би ставиле акцент на тоа дека ако имате некаква алергија на одредена храна, како што тоа може да е алергија на глутен, тогаш е најдобро да се консултирате со вашиот лекар за третирањето, како и да ја избегнувате храната која ви причинува потешкотии, како што е пченицата во таков случај.

Ви препорачуваме да прочитате: 10 знаци дека имате интолеранција на глутен.

Сподели: