домашен лек против запек

Домашен лек против запек – рецепт

Ако сакате да се спасите од запек може да го искористите овој едноставен, но ефикасен начин. Пробајте го овој домашен рецепт против запек, обичната готварска сол уште еднаш ни доаѓа на помош во грижа на здравјето, но овај пат во комбинација со млеко.

домашен лек против запек

Запекот уште се нарекува опстипација и подразбрира проблем со празнењето на дигестивниот систем. За жал, претставува доста често дигестивно пореметување кое се јавува и кај двата пола, меѓутоа овој проблем сепак има почеста појава кај жените. Имајќи ги овие сознанија, ние се надеваме дека ќе успееме да го подобриме квалитетот на вашиот живот, па споделуваме со вас рецепт за домашен лек против запек. За да го направите овој лек потребни ви се само неколку состојки кои скоро редовно ги има во секој дом. Постапката е лесна, а користа за организмот е видлива за кратко време.

Состојки:

  • 1 лажичка готварска сол
  • 65 мл топло млеко (1/3 од чаша)
  • 130 мл топла вода (2/3 од чаша).

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги сите состојки.
  2. Добро измешајте ја смесата и со помош на вашиот домашен лек против запек ослободете се од тегобите.

Начин на употреба:

Испијте ја целата содржина (по можност на празен стомак) и резултатите нема да задоцнат. Ако располагате со калиумова, морска или хималајска сол, можете да употребите и некоја од нив, резултатот ќе биде позитивен исто така.

Сподели: