6 совети за подготовка на совршена салата 1

6 совети за подготовка на совршена салата

Ниту еден оброк не би бил комплетен без салата. Таа е одличен начин да внесете дополнителни витамини и минерали со главниот ручек. А од различни причини, често пати салатите ги консумираме и самостојно како засебно јадење. Салата во вид на оброк претставува идеално јадење за оние кои сакаат да ја регулираат својата телесна тежина, но и за сите оние кои поради било која причина не смеат да консумираат висококалорична храна, па еве неколку совети за совршена салата!

Се запрашувате како да подговите салата на најдобар начин?! Ние имаме неколку насоки!

– Доколку ги следите овие чекори салатата ќе ги задоволи сите ваши потреби за микро и макронутриенти, па ќе се чувствувате сити подолго време и ќе имате одличен енергетски старт на денот.

6 совети за подготовка на совршена салата 2

Во салатата додајте темно зелен зеленчук

Колку е зеленчукот потемен, толку е похранлив. Во салатата додајте кељ, спанаќ и слични зеленчуци, и секако зелка, затоа што сите тие содржат многу фитохемикалии, особено сулфурни соединенија, кои ја помагаат детоксикацијата на организмот и превенираат различни заболувања.

Додајте здрави масти

За салатата да може да ве засити, односно за да претставува вистински оброк, мора да содржи здрави масти. Па, можете да додадете авокадо, ореви, бадеми, лешници или некој едноставен прелив од маслиново масло и лимон. Но сепак, иако овие масти се здрави, мора да се внимава на количините кои ќе ги консумирате.

Исечете ги состојките на покрупни парчиња

Колку се покрупни парчињата, толку мора повеќе да ги џвакате. Тоа му испраќа сигнал на мозокот дека сте јаделе обилно. Така, исечете ги пиперките, краставиците и морковите на покрупни парчиња, а шери доматите оставете ги цели. На овој начин ќе ви треба повеќе време да ја изедете храната, па ќе имате чувство како да сте изеле многу повеќе.

Додајте интегрални житарки

Порцијата со свеж зеленчук, особено во зима, нема да ви остави впечаток дека сте консумирале цел оброк. Затоа, во салатата додајте и малку варена киноа, јачмен, интегрален ориз или пак варен булгур. Овие житарки совршено одговараат со секој вид на салата. Интегралните житарки содржат сложени јаглехидртаи, кои покрај мастите и протеините, ќе ја направат вашата салата нутритивно комплетен оброк.

Додајте квалитетни протеини

Во салатата може да додадете и некое парче тофу, младо сирење или пак фета. Вака не само што ќе го збогатите нејзиниот вкус, туку ќе ја дополните и протеински.

Подгответе ја салатата пред време

Доколку сакате да консумирате оброк во вид на салата, а ви изгледа дека губите многу време во нејзината подготовка, најдобро е да ја направите во поголема количина и да ја чувате во фрижидер. Вака подготвената салата може да ја чувате во фрижидер најдолго до 3 дена.

Ви препорачуваме да прочитате: Салата со леќа, сирење и маслинки.

Сподели: