10 причини зошто да јадете пилешки стек 1

10 причини зошто да јадете пилешки стек

Пилешка супа, пилешка чорба, салата со пилешки стек, печено пиле – пилешкото месо во секоја форма е одлично за нашето здравје. Во продолжение ви претставуваме неколку причини зошто да јадете пилешки стек.

Високата количина на протеини го прави ова месо идеално за одржување на нашето тело здраво и витко. Покрај тоа, изобилува со есенцијални нутриенти и витамини. А, огромен плус е и тоа што пилешкото месо може да се подготви на многу различни начини. Прочитајте и дознајте интересни нешта од подолниот текст.

10 причини зошто да јадете пилешки стек 2

 Изобилува со протеини

Доколку сте во потрага по богат извор на посни и немасни протеини, пилешкото месо е одличен избор. Протините во пилешкото месо влијаат на растот и развојот на мускулите и го помагаат одржувањето на телесната тежина, а во исто време го потикнуваат и губењето на вишокот килограми.

Природен антидепресив

Пилешкото, исто како и мисиркиното месо, има високо ниво од аминокиселината триптофан. Оваа аминокиселина овозможува пријатно чувство после консумацијата на пилешкото месо, особено доколку истото е подготвено на традиционален начин во облик на супа. Освен тоа, доколку се чувствувате депресивно, исхраната со овие намирници ќе ви го подигне нивото на серотонин во мозокот, ќе ви го подобри расположението, намали стресот и олесни несониците.

Спречува остеопороза

Консумацијата на пилешко месо ќе ви помогне во борбата против остеопорозата и артритисот благодарение на високата количина на протеини.

Го подобрува здравјето на срцето

Хомоцистеинот е аминокиселина која може да предизвика кардиоваскуларни болести доколку ја има во поголеми количини во организмот. За среќа, со консумацијата на пилешки стек се намалува и контролира нивото на хомоцистеинот.

Изобилува со фосфор

Пилешкото месо е богато со фосфор, кој е есенцијален минерал важен за здравјето на забите и коските. Овој минерал исто така ја подобрува функцијата на бубрезите, белите дробови и централниот нервен систем.

Богат е со селен

Пилешкото изобилува со селен, есенцијален минерал кој е вклучен во метаболитичките преформанси. Со други зборови, селенот е од клучна важност за тироидната жлезда, хормонскиот баланс и го подобрува имунитетот.

Го забрзува метаболизмот

Витаминот Б6 кој е присутен во пилешкото месо, ги поттикнува ензимите и метаболитичките клеточни реакции. Консумацијата на пилешко месо ги одржува здрави крвните садови, а ќе ве обезбеди и со високо ниво на енергија. Исто така со неговата консумација, вашиот метаболизам побрзо ќе ги согорува калориите, па ќе ви помогне да бидете витки и активни.

Изобилува со ниацин

Пилешкото месо е богато со ниацин, специфичен облик на Б витаминот кој штити од канцерогени заболувања и други облици на оштетување на ДНА структурата.

Го подобрува здравјето на очите

Ова месо е богато со ретинол, алфа и бета каротен и ликопен, форми на А витаминот кои се особено важни за здравјето на очите.

Пилешкто месо е есенцијално за раст и развој на ткивата

Зголемената консумација на рибофлавинот кој се наоѓа во пилешките џигери ги намалува проблемите со кожата и ја регенерира сувата и оштетена кожа.

Ви препорачуваме да прочитате:  Брз оброк салата од пилешко месо.

Сподели: