Вкусна, свежа и добро ќе ве најаде. Во последното време, благодарение на модерните трендови на исхрана и желбата за поздрав начин на живот, често пати салатите стануваат и оброк, а не само мезе или предјадење. Ако посакате некогаш за вечера да се почестите нешто што е вкусно како во ресторан, препорачуваме да ја пробате оваа брза оброк салата од пилешко месо.
Ако ви останало печено пилешко месо од претходниот ден или од ручекот, сега ќе ви дадеме една супер идеја. Припремете си домашна салата од пилешко на единствен начин, а еве кои други состојки ви се потребни.

Состојки:
- околу 300-350 гр печено пилешко месо
- 2 кисели краставички или 1 свежа краставица
- 1 пиперка
- неколку листови марулка
- сол и црп пипер по вкус
- малку мајонез
- 1/2 чаша кубети по желба.
Подготовка:
- Пилешкото месо треба да биде печено и ослободено од коските, па исечено на поголеми коцки или парчиња.
- Киселите краставички или краставицата исечете ја на ситни коцки.
- Пиперката измијте ја и исечкајте на коцки исто така.
- Марулката измијте ја и откако ќе се исцеди од водата исечкајте ја.
- Кога сте ги направиле потребните подготовки, соединете ги состојките и зачинете со сол, црн пипер и мајонез. Малку измешајте и на крај, доколку сакате додајте и кубети. Послужете веднаш и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Салата со пилешко месо и марулка во сос од јогурт.