5 сигнали кои укажуваат на претеран внес на протеини од месо, риба или сирење 1

5 сигнали кои укажуваат на претеран внес на протеини од месо, риба или сирење

Понекогаш е добро ужината да биде богата со јаглени хидрати, а еве и зошто. Кога се во прашање протеините, постојат широк спектар на препораки. Многумина се занимаваат со т.н идеален процент за внесување на одредените состојки во однос на вкупните калории, но бројките понекогаш можат и да не залажат. Има неколку сигнали кои може да ви помогнат да процените дали имате балансиран внес на состојки или пак имате претеран внес на протеини, а посебно од животинско потекло.

Може да ве интересира: 5 симптоми кои укажуваат на недостаток на протеини.

5 сигнали кои укажуваат на претеран внес на протеини од месо, риба или сирење 2

Лошо расположение

Кога внесуваме претерана количина на протеини, често не јадеме доволно јаглени хидрати. Тие се важни за нормално секојдневно функционирање и влијаат на нашето расположение. Кога станува збор за добри јаглени хидрати, можеме да ви препорачаме да внесувате од сложените, а нив најмногу ги има во овошјето, јогуртот, интегралниот ориз, овесните снегулки.

Замор и заматен вид

Утринската малаксаност, слабост и заматен вид се причини заради кои најчесто посегнувате по кафе или ужинка. Таканаречената „магла“ се јавува и поради претерано внесување на протеини. Не заборавајте дека јаглените хидрати се главен извор на енергија за мозокот, па во таквите ситуации посегнете по намирници кои се богати со нив.

Зголемување на телесна тежина

Ако исхраната ви е богата со протеини, без разлика на потеклото на калориите, кога се во вишок, придонесуваат за зголемување на телесната тежина.

Дигестивни проблеми и запек

Ако покрај протеините, не внесувате доволни количини на растителни влакна, многу е веројатно дека ќе се соочите со вакви тегоби. Растителните влакна најмногу ги има во целожитните намирници, овошјето и зеленчукот, а потребни се најмалку 25 грама дневно за нормално варење.

Константна потреба за вода

Претераниот внес на протеини доведува до блага дехидратација. Со цел да се „отстрани“ вишокот на протеини, работата на бубрезите се зголемува и заради тоа често уринирате. Така, за да спречите формирање на камчиња во бубрезите, при зголемен внес на протеини обавезно пијте доволно вода.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да внесете доволно растителни протеини?

Сподели: