интересни факти за варењето на храната 1

3 интересни факти за варењето на храната

Секој од нас понекогаш сака да прочита нешто занимливо со кое ќе се опушти, а сепак да има и некои корисни информации. Баш за таква цел, ви ја припремивме оваа содржина во која може да прочитате неколку интересни факти за варењето на храната.

Информациите во овој текст поттикнуваат на размислување и се одлични за разговор со друштвото, уживајте во секој момент!

интересни факти за варењето на храната 2

Не мора да чекате 30 минути после јадење за да можете да пливате

Ова верување тврди дека после јадење крвта се насочува во централниот дел на телото и се оддалечува од централните крвните садови, што ги слабее рацете и нозете и го зголемува ризикот од давење. Приказните од овој тип веќе со децении ги држат децата, па и возрасните подалеку од базените и плажите додека чекаат да се свари храната. Меѓутоа имаме добри вести за вас, ова верување не е поткрепено со факти. Точно е дека во текот на дигестијата еден дел од крвта се пренасочува во дигестивниот тракт, но таа количина не е доволна за вашите раце и нозе да останат неподвижни во вода. Најлошо што може да се случи е некој послаб грч.

Старите Грци и старите Римјани често јаделе лежејќи, што не е препорачливо во денешно време

Во времето на старите Грци и Римјани, јадењето во лежечка положба додека ги служеле со храна било симбол за луксуз. Добрата страна на овој начин на хранење е тоа што при лежење на лева страна се намалува притисокот во долниот дел на стомакот. Јаглехидратите на овој начин се апсорбираат поспоро, односно лачењето на инсулин е постабилно. Сепак, важно е да се истакне дека со јадењето во лежечка положба како и лежење во периодот после 2 часа по внесот на храна не е препорачливо, поради зголемен ризик од развивање на гастроезофагеален рефлукс.

Функционирањето на дигестивниот систем не зависи од гравитацијата

Иако стручњаците се против јадење во лежечка положба, системот за варење не функционира според законите на физиката, туку според подвижноста на цревата и контракцијата на мускулите на дигестивниот тракт низ кој врви храната. Доказ за тоа е дека астронаутите во безтежинска состојба можат да ја варат храната.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 совети за добро варење на храната.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: