kako se priprema heljda 1

Како се припрема хељда?

Хељдата претставува храна која не е баш типична за нашите простори. За земја на нејзино потекло се смета Индија, а посебно е популарна во Русија. Со најновите трендови и кај нас станува сѐ попопуларно да се јаде хељда, па малку истражувавме како може да се приготвува за што поприемлив и подобар вкус.

Познато ни е дека хељдата е доста корисна намирница. Нејзините зрна имаат триаголен облик. Таа не содржи глутен, а често пати се користи како „замена“ за месо.  Богата e со железо во својот нутритивен состав, а освен тоа во својот состав има и поголеми количини на цинк и јод. Содржи многу витамини, малку масти – само 3 %, а нискиот процент на јаглени хидрати ја прави непроценливо вредна храна за дијабетичарите.

kako se priprema heljda 2

За кои јадења се користи хељда и како може да се припреми?

Хељдата може да се користи во солени и слатки јадења, а најчесто се припрема во вид на каши, било да се слатки или солени. Од хељда можете да направите ќофтиња или да ја ставите како додаток во разни свежи салати и супи. Одлично се вклопува во комбинација со млеко или јогурт и овошје, како појадок.

Хељдата се вари во сооднос 1:3 (пример: една чаша хељда со 3 чаши вода). Се вари многу побрзо од оризот. Спремна е кога зрната ќе пукнат, набубрат и омекнат. Потребни ѝ се околу 4-5 минути да врие за да се свари. Процедете ја и измијте ја со ладна вода за да се намали/отстрани нејзиниот карактеристичен горчлив вкус.

Ако сакате да припремите ужина или салата, потопете ја со вода која врие, поклопете ја и замотајте ја со крпа. Тоа направете го навечер, а утрото одвиткајте ја и ќе биде спремна за консумација.

Ако припремате супа, најдобро е да ја додадете пред крајот на готвењето, за да не се превари.

Можете да ја користите во јанија (чорба), за подготовка на сарма, овошна пита или да ја измешате со сладок крем.

При купување барајте хељда со светло кафеава боја, затоа што е помалку обработувана и зрната се поцелосни. А, ако ја измелите во мелница, од неа ќе добиете брашно кое може да го користите за леб и колачи.

Ако сакате да го почувствувате нејзиното благотворно дејство врз здравјето, консумирајте ја најмалку 2 пати неделно.

Ви препорачуваме да прочитате: Вегетаријански ќофтиња од хељда, просо и компир.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: