Припремете сами декоративни ротквици за салата 1

Припремете сами декоративни ротквици за салата

Превкусните и прекрасни ротквици се одгледувани и ценети од луѓето повеќе од 3000 години, а модерниот тренд кој владее денес за изведба на разни креативни декорации од храна е прифатлив и посакуван од сите нас. Зошто не би ги претвориле ротквиците во декоративни вкусни залчиња салата наместо да бидат само изедени како и обично?

Крем салата со просо, урда и семиња

За љубителите на здрави и кремасти салати приготвувме уште еден супер рецепт од нашата кујна, кој сигурно ќе ви се допадне! Оваа кремаста салата може да ја послужите во прилог на ручекот или како самостоен оброк, а е интересен предлог доколку ви се најавиле гости кои внимаваат на здравјето. Вкусот е незаменливо добар, па топло ви препорачуваме да ја пробате оваа салата со просо, урда и семиња.

Туна салата со прелив од јогурт и семиња

Здрава, свежа салата кој може да ја послужите како додаток на ручекот или да ја консумирате за вечера. Оваа салата е една од нашите омилени со вкусен прелив од јогурт, па со задоволство ја споделуваме со вас. 

Пилешка салата со макарони 1

Пилешка салата со макарони

Кога ќе го пробате вкусот на нашата пилешка салата со макарони ќе знаете дека е тоа е можеби најсовршениот состав на состојки кои ги избра Клара. Сите рецепти кои ни ги предлага таа имаат нејзин печат и доза на препознатливост кои будат желба кај нас како дегустатори да уживаме во јадењето и да посакаме да ги споделиме со сите вас.

Салата со ориз, краставица и печен сусам

Сите обожаваме кремасти салати, но многумина од нас внимаваат на својата линија и здравје. Затоа се трудиме да креираме здрави рецепти за кремасти салати кои не содржат мајонез, месни преработки и други калорични состојки, конзерванси и адитиви. 

Марула - чиста храна без калории и одлична за гарнирање

Марула – чиста храна без калории и одлична за гарнирање

Фантастичната за лик и превкусната за јадење марула поради нејзиниот здрав хранлив состав  често е нарекувана “чиста храна”, а кога станува збор за готвени јадења кои прекрасно изгледаат оваа зелена салата е прва асоцијација за идеално и едноставно декорирање на разните специјалитети во домовите и рестораните насекаде во светот.

капрезе салата

Оригинален рецепт за подготовка на капрезе салата

Капрезе салата е многу едноставна италијанска салата, која потекнува од италијанската област Кампања. Традиционално се приготвува со моцарела сирење, кое е направено од биволско млеко, сечкани домати и листови босилек, зачинета со сол и маслиново масло. Капрезе салатата специјално беше креирана во асоцијација на италијанското национално знаме, на кое се среќаваат црвена, бела и зелена боја.  

Едноставна салата со грав и чајна салама

Едноставна салата со грав и чајна салама

Даниела ни предложи одличен рецепт за едноставна салата со грав и чајна салама. Нејзиниот вкус се вклопува супер, како во ладните зимски денови, така и во летните горештини. Подгответе ја за себе и за друштвото оваа салата која е многу вкусна и се вклопува во сите сезони. 

Здрава салата со кинеска зелка, семиња и урда

Совршено освежување! За ручек или вечера ви предлагаме да направите вкусна и сочна здрава салата со кинеска зелка, краставица, ленено семе, сусам, чија семе, сончоглед, урда и прелив од јогурт. Рецептот е од нашата кујна и е повеќе пати испробан, а сите кои што ја пробаа оваа салата се воодушевија од нејзиниот одличен вкус.  

компир салата

Компир салата со прелив од кисело млеко

Брза, лесна и многу вкусна салата ни доаѓа од кујната на Невена. Многумина од нас обожаваат компир салата, а сега може да пробаат нов вкус со прелив од кисело млеко, сенф, маслиново масло и млад кромид како дополнување на вкусот.

Кинеска салата со ориз, сирење и павлака

Оваа кинеска салата со ориз е многу популарна низ Македонија, а на многумина им е омилена кремаста салата. Рецептот е повеќе пати испробан во кујната на Клара, па штом ви се јаде освежителна кремаста салата со ориз, ова е одличен избор за вас.

11 избрани рецепти за посни салати и прилози

11 избрани рецепти за посни салати и прилози

Ние ги слушаме вашите потреби! По тој повод, ви припремивме листа на избрани рецепти за посни салати кои може да ги користат сите кои постат или едноставно обожаваат вкусови без месо, јајца и други додатоци.

Крем салата со тартар сос и печурки

Секој кој е љубител на вакви вкусни салати мора да ја проба оваа експресно брза и многу лесна за подготовка крем салата со тартар сос и печурки.  Рецептот доаѓа директно од нашата кујна и ви потврдувавме дека бескрајно уживавме во вкусот!

ермоса салата со компири

„Ермоса“ салата со компири, корнишони и моркови

Брза и лесна салата за ручек или вечера! Името на оваа салата доаѓа од шпанскиот збор „Hermosa“, што во превод значи убава. Нашата читателка Елена ни го испрати овој одличен рецепт за вегетаријанска салата со компири, кисели краставички, моркови и кромид, зачинета со масло и ситно сечкан магдонос.