Чиа овошна салата 1

Чиа овошна салата

Направете си и уживајте во убавиот вкус на салатата полна со витамини од овошјето и лековитите својства на чиа семето. Вака приготвената чиа овошна салата е посебна и ќе ве воодушеви!

Ќе се осмелиме да ја наречиме наша, бидејќи долги години е со нас, а тоа е нашата Клара, која ја оваа салата ни кажа „Навидум ќе речите дека е стандардна овошна салата, дробено овошје и засладувач, ништо посебно… но, не испадна баш така. Јас ја правев со ненормално добар по вкус џус од портокал и во комбинацијата со чиа семките, стана посебна. Мислев одозгора да додавам и шлаг пена и да вметнувам јатки ореви, но во ваквиот склоп едноставно немаше потреба.“

Чиа овошна салата

Состојки:

  • праска, банана, киви, грозје, малини, јаготки, портокал, црвени сливи…
  • 150 мл џус или сок од портокал
  • 2 лажици чиа семе
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица мед, јаворов сируп или некој друг засладувач по желба
  • по желба кршени или јатки орев и по некоја урма добро би се вклопиле.

Подготовка:

  1. Најпрво ставете го чиа семето во џус од портокал или препорачуваме тоа да биде исцеден сок од портокал, а ако сакате може да користите и лимон или само вода во која ќе додадете некоја ароматична состојка. Чиа семето оставете го така најмалку 20-30 минути, а во меѓувреме малку промешувајте го. Ако планирате салатата да ја јадете наредниот ден, можете овој дел од подготовката да го направите вечерта.
  2. Изборот и количината на овошје е спрема вкусот, сезоната и она што имате дома. Убаво е кога со изборот на намирници направите добра комбинација на бои, бидејќи најпрво почнуваме „да јадеме со очите“.
  3. Овошјето се сечка на парчиња и се мешаме со сокот од цеден лимонот за да не потемни. Доколку чиа семето го ставате во обична вода, недоволно засладена течност или обожавате благо, со лимонот може да измешате лажичка мед или јаворов сируп.
  4. Декорирајте со јатки по избор и на здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Салата од јаболка, мед и цимет.

Сподели: