Едно јаболко на ден и лекар не ви е потребен – добро позната изрека, насекаде во светот. Докажано е дека јаболката се многу здраво овошје. За да го зачувате и подобрите здравјето ви предлагаме да ја пробате оваа лесна и брза салата од јаболка. Одличен рецепт кој е 100% природен, здрав и полн со витамини, има специфичен вкус, а исто така е наменет за сите возрасти. Салатата од јаболка може да користите и како додаток во благи пити и колачи.

Ако изедеме две јаболка дневно, веќе сме направиле добар чекор за зачувување на нашето здравје. Затоа пробајте ја оваа салата.
Состојки:
- 2 јаболка
- 1 лажица мед
- цимет по желба.
Подготовка:
- Јаболката измијте ги и пресечете ги на половини. Отстранете ги семките и дршките.
- Потоа се изрендајте ги на крупната страна на рендето и додадете го медот и цимет по вкус. Убаво измешајте ги состојките. Подготвената салата од јаболка, мед и цимет ставете ја во чинија за сервирање. Декорирате со малку цимет.