Ѕаѕики сос со нане и кисела павлака 1

Ѕаѕики сос со нане и кисела павлака

Слободно можеме да кажеме дека е мезе на кое не може да му се одолее. Едноставно е одлично! Без некои тајни состојки, трикови и специјална стручност, сега може да си подготвите дома и тоа ароматичен и густ ѕаѕики сос со нане. Супер предјадење, превкусно мезе со поизразен вкус! 

Рецептот е сличен на класичниот ѕаѕики сос, но во овој случај збогатен со малку нане има ароматичен и освежителен вкус, вистинска убавина. Се надеваме ќе ви се допадне.

Ѕаѕики сос со нане и кисела павлака 2

Состојки:

  • 1 средна краставица
  • 4 средни чешниња лук
  • 6-7 полни лажици кисела павлака
  • 2-3 мали гранчиња свежо нане
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 мало лажиче јаболкова киселина или балсамико
  • по вкус сол.

Подготовка:

  1. Краставицата излупете ја и изрендајте ја. Посолете ја со сол и оставете ја да постои за да пушти вода, а потоа исцедете ја течноста.
  2. Нането ситно исечкајте го, а лукот протиснете го низ преса за лук или и него ситно исечкајте го. Додајте ги и нив во садот со краставицата.
  3. Потоа додајте ги маслото, киселината, павлаката и измешајте ги сите состојки во изедначена смеса.
  4. Готовиот сос покријте го со проѕирна фолија или ставете го во кутија со капак и оставете го во фрижидер да се разлади и да се спојат вкусовите. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Зазики сос – салата.

Сподели: