Зазики сос – салата

Зазики е сос кој карактеристично се приготвува во Балканските земји. Најчесто се служи со месо припремено на скара или како сос. Зазики сосот традиционално се припрема со овчо или козјо кисело млеко, помешано со краставици, лук, сол, маслиново масло, сок од лимон или црвена винска киселина, зачинет со копар, магдонос или нане.

По својот состав и вкус, овој сос доста наликува на таратур.

Состојки:

  • 2 чаши кисело млеко
  • 1 голема краставица
  • 4 чешниња лук
  • свежо цеден сок од половина лимон или црвена винска киселина по вкус
  • 3 мали лажички свеж сечкан копар или нане
  • сол, црн пипер и црвена пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Краставицата измијте ја убаво, а потоа излупете ја. Со помош на ренде, изрендајте ја на покрупната страна и ставете ја во длабока чинија. Посолете ја со ½ лажичка сол. Оставете ја за време од 5 минути.
  2. Ренданата краставица добро исцедете ја низ цедилка. Доколку немате цедилка земете кујнска хартија, превиткајте ја повеќе пати и врз неа ставете ја ренданата краставица. Со помош на кујнската хартија добро исцедете ја краставицата.
  3. Лукот ситно исечкајте го.
  4. Во длабока чинија ставете го киселото млеко и додајте ја исцедената, рендана краставица. Измешајте со виљушка, а потоа додајте го ситно сечканиот лук, црвената пипер и свежо цедениот сок од лимон. Добро измешајте го зазики сосот.
  5. Потоа, копарот ситно исечкајте го и додајте го во сосот. Доколку немате свеж копар, како замена може да користите листови нане или магдонос. Измешајте, посолете по вкус и наросете мелен црн и црвен пипер.
  6. Чинијата со приготвениот зазики сос, покријте ја со транспарентна фолија и ставете ја во фрижидер да отстои за време од 3 до 4 часа или преку ноќ. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Кинеска салата со ориз, сирење и павлака.

Сподели: