краставица за гарнирање

Брановидна краставица за гарнирање

Краставица со брановиден изглед е секогаш одлична идеја за гарнирање. Фантастично изгледа, потребни ви се само неколку минути за изведба, а баш е декорација која мами погледи и насмевки. Пробајте и ќе се уверите во тоа!

Овој гарнир од краставица се прави навистина брзо и лесно, а ако знаете како правилно да го изведите ќе добиете и одличен резултат. Брановидната краставица можете да ја користите како декорација на салата, дополнување на чинија со сервирано главно јадење, или за декорција на ордевери.

Еве како може да направите брановидна краставица за декоративно гарнирање:

Потребна ви е права краставица, нож кој добро сече и 6 чепкалки за заби, по 3 од секоја страна. Сечете ја краставицата попречно, под агол од 45 степени, измерете парчиња од 12-15 см, а потоа пресечете ги на половина. Секоја од половинките, ставете ја врз дрвена штичка така што да лежи од пресечената страна, па поставете ги чепкалките од двете страни, Започнете да сечете тенки резанки, при тоа внимавајќи да не засечете до самата површина, во што чепкалите многу ќе ви помогнат. На крај, само раширете ги резанките во форма на лак и уживајте во резултатот.

Брановидната краставица е спремна да ја декорирање и креативно гарнирање, а во секој случај, препорачуваме да го погледнете подолу прикажаното видео и да ја погледнете техниката на изведба на најлесно разбирлив начин.

Сподели: