домашен бурек со готови кори

Домашен бурек со готови кори

Ако сакате да го изненадите семејството или пријателите, подгответе домашен бурек со готови кори. Домашниот бурек е одличен предлог за појадок во комбинација со чаша јогурт. На блогот Trydiani го пронајдовме овој рецепт за бурек со готови кори кој сме сигурни дека ќе ви се допадне и на вас. Многумина го пробаа, пробајте го и вие овој сочен и вкусен специјалитет кој го обожаваат сите генерации!

палачинки

Меки „пијани“ палачинки

Интересен и несекојдневен рецепт за меки „пијани“ палачинки. Нашата пријателка Диана, од блогот Trydiani го припреми овој рецепт, кој сигурно ќе ви се допадне и вас. Пијаните палачинки одлично се комбинираат со солен или сладок фил. Доколку сте љубител на благи палачинки, како фил ставете нутела и овошје. А ако повеќе ви се допаѓаат солени палачинки, истите послужете ги со крем сирење и зачини.  

фритата со сирење

Фритата со сирење, шунка и брокула

Фритата е нешто покомплексна врста на кајгана, која обично е направена од многу состојки. Исто така, обичај за фритата е тоа што прво се пржи на оган, а потоа се допекува во рерна. Ние ви презентираме супер рецепт за фритата со сирење, шунка и брокула.

Рецепт за шопска салата

Шопската салата е едно од македонските традиционални салати, а освен кај нас, карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење кое што жителите го користеле во најразлични јадења. Името шопска салата го добила според словенското племе Шопи кое живеело на тој регион.