леб со маслинки, сирење и сланина

Леб со маслинки, сирење и сланина

Прекрасниот леб со маслинки, сирење и сланина е одличен за декорација и разведрување на празнична и домашна трпеза. Угодете им на гостите, на блиските и саканите, изненадете ги сите со вкусниот леб со маслинки и други додатоци. Фантастичен и за вкус и за изглед!

На сајтот eatwell101 каде што има одлични испробани домашни рецепти, го најдовме и овој извонреден леб и со големо задоволство го споделуваме со вас. Еве како можете да го направите.

леб со маслинки, сирење и сланина

Состојки:

  • 150 мл бело вино
  • 100 мл маслиново масло
  • 250 гр брашно
  • 4 јајца
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 150 гр рендано швајцарско сирење
  • 1 главица црвен кромид
  • 100 гр сланина
  • 200 гр шунка
  • 100 гр црни маслинки
  • 100 гр зелени маслинки
  • 2 лажици сечкан магдонос.

Подготовка:

  1. Во длабок сад истурете го виното, додадете ги маслото, јајцата и солта, а потоа добро измешајте за убаво да се соедини смесата.
  2. Во посебен сад ставете ги брашното и прашокот за печиво, а потоа додајте ги кон останатите состојки.
  3. Ситно исечканиот кромид ставете го во тава, а потоа испржете го со малку путер и маслиново масло.
  4. Додадете ја сланината, претходно исечкана на коцки.
  5. Маслинките исечкајте ги на кругови и заедно со ситно исечканата шунка, ренданото сирење и магдоносот додадете ги во тестото.
  6. Добиената смеса се става во калап за печење леб. Се пече во загреана рерна на 180 степени, за време од околу 60 минути.

Сподели: