намаз со крем сирење

Традиционален Словачки намаз со крем сирење

Домот на овој пикантен намаз со крем сирење е Северна Словачка. За прв пат е произведен таму, а бил направен со цел да служи за освојување на светските кујни. Се прави многу брзо и лесно. Се вклопува во комбинација со брускети, па сигурни сме дека откако ќе го пробаат ќе биде омилено мезе на вашето друштво!

Доколку сте вистински љубители на уживањето, ова предјадење ќе биде совршено за убави моменти. Сите состојки во неговиот состав се лесно достапни, а подготовката е експресно брза, па нема да ви одземе многу време.

намаз со крем сирење

Состојки:

  • 250 гр свежо крем сирење
  • 4 лажици кисела павлака
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица путер
  • 1 и 1/2 лажица мелен црвен пипер
  • 1 лажица ким
  • 1 лажица сенф.

Подготовка:

  1. Чешнињата лук исчистете ги.
  2. Во блендер ставете ги киселата павлака, путерот, сенфот, мелениот црвен пипер, солта, лукот и миксирајте ги состојките додека се добие еднолична смеса.
  3. Добиената смеса се измешајте ја крем сирењето и откако ќе се добие кремастиот намаз, ставете го во ладилник.

Пред да го служите превкусниот намаз со крем сирење наросете го со мелен ким или ситно сечкано лукче.

Рецептот го испратил: Надица Илиевска.

Сподели: