По долгата зима, кога во нашата исхрана недостасува свежо овошје и зеленчук, може да се појават непријатни симптоми како хроничен замор, главоболки, депресија и намален имунитет. Тоа се симптоми кои укажуваат дека е време за детоксикација на организмот. Променете ја исхраната и подготовката на храната. Наместо пржена и печена храна, јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук. Обидете се да готвите на пареа, бидејќи овој начин на готвење остава најмногу витамини и минерали во храната. Подгответе сами домашни сокови од овошје и зеленчук или направете пролетно зелено смути за детоксикација на организмот.
