Зеолит за детоксикација и одлично здравје

Во последно време често се зборува за корисните ефекти од зеолитот. Но дали знаете што е зеолит, како настанува, како се консумира и кој може да го користи? Одговорите на сите овие прашања ви ги претставуваме во текстот кој следува.

Зеолитот настанува кога во природата ќе се спојат вулканската лава и морската вода. Тоа е 100% природна состојка, која со својот негативен електрицитет ги врзува сите позитивно наелектризираните токсини во телото и ги исфрла од организмот. Потполно е безбеден и организмот го препознава како своја сопствена супстанца. Дејствува на тој начин што во својата кристална структура ги врзува тешките метали, опасните канцерогени токсини, органските отрови и другите штетни супстанции од организмот. Тој не се апсорбира во организмот тука само поминува во дигестивниот тракт, ги собира штетните супстанции и ги елиминира од телото. Во самиот организам делува од 4-6 саати и потоа се елиминира преку мокрачата, изметот или потта.

зеолит

Како дејствува моќниот зеолит во телото?

Зеолитот е корисен при повеќе состојби, а неговата главна улога е во процесот на детоксикација на орагнизмот. Утврдено е дека зеолитот ги елиминира:

  • вишокот на киселини (желудочни киселини, гастритис)
  • спречува репликација (множење) на вируси и бактерии (грип, настинка)
  • спречува оксидативен стрес и ги отстранува штетните слободните радикали
  • делува како моќен антиоксиданс
  • го намалува ризикот од рак и ја подобрува апсорпцијата на хранливите супстанции
  • ја балансира рН вредноста во телото.

Бидејќи ги отстранува различните токсини од организмот, на тој начин природно ја зголемува енергијата и ја подобрува општата психофизичка состојба, го подобрува расположението, ја отстранува несоницата, анксиозноста како и депресијата. Исто така ја стимулира продукцијата на хормонот на среќата – серотонинот, при што дирекно влијае на расположението и емоциите и дава чувство на задоволство и ментална релаксација. Ги ублажува тегоите при менопауза и има исклучитена моќ да ја врзува млечната киселина од мускулите, така што кај спортисти и луѓе што имаат активен живот поволно делува за побрзо опоравување и враќање во форма. Слободно може да го земаат и луѓе што се на хемотерапија или почена фаза на канцер, бидејќи како позитивно наелекризиран ги врзува канцерогените клетки и ги исфрла од организмот и ја спречува канцерогенезата (натамошниот развој на болеста).

Во фармацијата доаѓа во форма на таблети и прашок, а се зема растворен во чаша вода, најдобро пред оброк. За особи кои земаат редовна терапија најдобро е зеолитот и лековите да се земат во растојание од 1 час. При земањето на зеолитот се препорачува да се пие повеќе вода за поуспешна и поефикасна елиминација на токсините од телото. Во секој случај, доколку имате некоја болест и сакате да искористите некој од неговите терапевтски ефекти, најдобро би било да се советувате со вашиот лекар за детални и најдобри упатства. Овај супер минерал се повеќе го зазема местото што го заслужува во лекување на болестите и во превентивната медицина, а ако сеуште не сте слушнале бидете сигурни дека оваа магична супстанца наскоро ќе биде број еден во лекувањето на скоро сите модерни болести.

Текстот го испратил: Сандра Миткова

Сподели: