7 здрави намирници кои ги чистат белите дробови од токсини 1

7 здрави намирници кои ги чистат белите дробови од токсини

Ракот на белите дробови е еден од водечките во светот, кога станува збор за смртност предизвикана од карциноми, а најчесто заболуваат оние кои секојдневно уживаат да вдишуваат чад од цигари. Со помош на природни лекови можете да ги исчистите токсините од белите дробови!

Доколку не сакате да го оставите „чадот“, потрудете се барем да го намалите ризикот од рак. Важно е да знаете дека постојат различни начини да го исчистите „катранот“ и токсините од белите дробови, а со тоа и да го намалите ризикот од заболување. Одредени намирници можат да бидат ваши сојузници во тоа. Треба да знаете и запамтите дека со овие намирници и совети, не можете потполно да ги исчистите белите дробови, но барем делумно можете да се ослободите од токсините.

7 здрави намирници кои ги чистат белите дробови од токсини 2

Пченка

Содржи бета-криптоксантин кој се смета за силен антиоксиданс, а со тоа заштитник од карцином.

Селен

Селенот е јак антиоксиданс кој може да се најде во разни врсти риби како што се туната, бакаларот и лососот, а исто така и во јагнешкото месо, јајцата и житариците.

Лук и кромид

Тие содржат материи кои имаат антиканцерогено дејство. Лукот помага во спречување на многу болести, меѓу кои инфекција и рак на белите дробови. Интересно е што и кај лицата кои се веќе заболени забележано е намалување на растот и умножувањето на канцерогените клетки.

Ѓумбир

Тој е силно средство за отстранување на токсините од белите дробови. Чај од ѓумбир е одличен избор за олеснување на дишењето, а ако можите добро е да го консумирате свеж.

Портокал

Освен што е богат извор на витамини, портокалот е овошје кое делува превентивно против рак.

Коприва

Ова растение е преполно со железо, а многу е корисно и како средство за дезинфекција и борба против инфекции.

Чај од борови иглички

Традиционално се користи за испирање на устата и грлото, а може да биде добар сојузник во борба против рак на белите дробови.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен лек кој ќе ви помогне да се откажете од пушењето.

Сподели: