Имаме нов, многу вкусен посен намаз од индиски ореви! На предлог на нашата пријателка Диана, го споделуваме овој супер рецепт. Подготовката е едноставна, а добиениот намаз е здрав, вегански, не содржи глутен и лактоза.
Скоро и да не постои човек кој може да одолее на совршено испечено пиле, кое е истовремено сочно и со прекрасна, златна, крцкава кожичка. Не мора да бидете одличен готвач за да создадете магија во вашата кујна. Дали знаевте дека тајната на совршениот вкус на сочното пилешко месо може да се крие во користењето на домашна маринада со лук?
Имате бавен метаболизам и барате решение? Вие сте на вистинското место. Во исхраната вклучете ги овие 8 зачини кои го забрзуваат метаболизмот. Па, наместо да пиете различни таблети, потрудете се да ги користите лековитите својства на зачините кои ни ги нуди природата. Зачините не само што го збогатуваат вкусот на храната, туку даваат и бројни здравствени придобивки. Секогаш кога припремате јадење, одбегнувајте ги готовите мешани зачини кои изобилуваат со адитиви и засилувачи на вкус. Наместо по нив, посегнете по свежите или суви природни зачини, кои на многу начини можат да допринесат за подобро здравје.
Маринадата прави месото да се топи во устата и да биде сочно, вкусно и меко. Поради тие причини, маринадата се употребувала уште во древен Египет, а подоцна и Грците и Римјаните почнале да маринираат месо и зеленчук. Секоја култура има свој стил на маринирање, а можностите за создавање на нови кулинарски опции се бесконечни.
Додавањето на зачини во здравите оброци може да го забрза и поттикне согорувањето на калориите, а со тоа ќе бидете чекор поблиску до посакуваната фигура. Малата количина на цимет или пипер ќе го подобри вкусот на јадењето, а освен тоа може да ви биде сојузник во борбата со вишокот на килограми. Иако се многу здрави, сепак не треба да се претерува со премногу зачинетите јадења. Во продолжение прочитајте кои 6 зачини за подобро здравје ги препорачуваат нутриционистите.
Често пати, кога одиме на патувања, веруваме дека и вие, исто како нас сакате да пробате нови нешта. Така во една прилика, замезивме нешто слично. Шетањето, а посебно посетата на рестораните покрај море нуди широки можности. Особено карактеристично е да се проба некое вакво јадење, па инспирирани од пријатните спомени имаме еден предлог за сите вас. На блогот на нашата пријателка Лана, наидовме на еден супер брз и лесен рецепт за медитеранско мезе од фета сирење. Препорачуваме да го пробате!
Засадувањето на растенијата во домот не е само идеално решение за оние кои живеат во градовите и немаат дворови, туку е и одличен начин да преку целата година имате свежи намирници при рака, без разлика на сезоната. Ви претставуваме осум зеленчуци кои може да ги засадите и одгледувате во саксија и во текот на зимскиот период. Сјајно, зар не?
Научно е докажано дека зачините како ким, оригано и ѓумбир имаат јасно изразено антиканцерогено дејство. Но, покрај нив, постојат и други зачини кои исто така помагаат во превенција од карцином. Во текстот кој следува дознајте кои се лесно достапните и лековити зачини и како влијаат во заштитата на телото од оваа опасна болест. Бидејќи секојдневно ја зачинуваме храна, вреди да се потрудиме и да ги користиме овие 6 зачини што почесто.
Последните трендови на здрава исхрана скоро задолжително го вбројуваат тофу сирењето како дел од листата на добри и здрави намирници. Бидејќи е корисно за организмот, а малкумина знаат како да го подготват, ви припремивме рецепт за зачинето тофу со грашок и зачини, чиј вкус е одличен и испробан во нашата кујна!