лековити билки

11 совети како да берете и сушите лековити билки и зачини

Секој од нас може да бере и суши лековити билки, но мора да се знаат неколку основни работи. Еве кои совети ќе ви бидат од голема корист.

Барем еднаш сигурно имате исушено некоја билка или зачин, макар да тоа било успешно или не. Лековитите билки лесно може да се најдат на подрачјето на Македонија, а со помош на овие совети и добро препознавање може да станете тревар.

11 совети за правилно берење и сушење на лековити билки и зачини

  1. За почеток добро е да ги препознавате барем основните билки. Купете си книга со сликите од лековитите растенија, информирајте се, па после тоа надополнете го знаењето со теренска работа.
  2. Кога одите да берете лековити растенија, опремете се добро. Носете длабоки кожни или гумени чизми (поради змии), мантил против дожд, шешир (посебно во лето), ножици, секира, нож… Пожелно е да понесете и серум против каснување од змии, особено ако одете на некои подалечни места, но добро ќе биде да понесете и средство против каснување од инсекти.
  3. Носете заштитни ракавици, како и амбалажа за собирање на билките (кутии, вреќи или сандаци).
  4. За почеток носете ја книгата со вас за деталните фото инструкции и информации за билките. Таму најверојатно ќе прочитате која билка кога и како се бере, на што треба да внимавате и слично.
  5. Важно е да знаете дека лековитите билки, листот и цветот се берат по сончево време и тоа најмалку два денови после дожд, во период од 11 до 16 часот. Доколку ги берете рано наутро, на дожд или после 17 часот, лековитите својства ќе бидат минимални, па може да се случи и да немаат ефект.
  6. Немојте да берете лековити билки кои се нападнати или оштетени од инсекти, ниту оние кои се наоѓаат покрај пат.
  7. Не ги берете сите растенија со ред. Оставете нешто за и понатамошно размножување. Секако планирајте да дојдете на истото место и наредната година.
  8. Не ги мешајте лековитите билки во иста амбалажа, затоа што мисирите може да се измешаат.
  9. Сушењето може да го направите во сушари или ладно место на промаја, под шатор, на таванот… А секако може да ги сушите под сенка нанишани на конец.
  10. Лековитите билки не смеат да се сушат на температура повисока од 36 степени, затоа што тогаш водата им испарува заедно со лековитите состојки.
  11. Штом се исушени пакувајте ги во хартиени кеси, картонски кутии или стаклени тегли. Рокот на употреба им е 18 месеци по сушењето, макар некои може да траат и подолго (камилица и коприва до две години.

Ви предлагаме да прочитате: Одгледување на зеленчук и лековити билки во куќа или стан.

Сподели: