велигденска декорација

Jајце од конец – Велигденска декорација за домот

Направете Велигденско јајце од конец.  По желба можете направите повеќе различни бои и големини, зависно од големината на балонот кој ќе го изберете за моделирање. Оваа креативна Велигденска декорација ќе го разведри вашиот дом за време на празникот Велигден и сигурно ќе ве потсетува на радост и позитивни мисли!

Често размислувате како може да го декорирате домот  и да ги изненадите и останатите членови на семејството? Тоа воопшто не е тешко, само ви е потребна малку креативност, повеќе желба и неколку минути од вашето време. Велигден е еден од најголемите христијански празници и време кое сите го празнуваме со радост, а секоја Велигденска декорација ја збогатува убавината на моментите.

Пробајте и вие направете свое креативно дело. Постапката за изработка на Велигденска декорација – јајце од конец е лесна, а најдобро ќе ја разберете доколку го погледнете го ова интересно видео, кое можеби ќе ве инспирира да го разубавите вашиот дом деновиве.

Потребно ви е: балон и тоа во големина по ваша желба, конец, универзално лепило и забавата може да започне.

Сподели: