3 намирници кои го регенерираат ткивото на половината и зглобовите 1

3 намирници кои го регенерираат ткивото на половината и зглобовите

Алтернативните методи на лечење често пати даваат многу добри резултати, а исто така помагаат и во превенција на повеќе заболувања. Сите кои патат од болки во половината и зглобовите, во грбот, треба да знаат дека има природна помош која е лесно достапна и може да ја искористат. Скоро бесплатно, а ефективно!

5 намирници кои се богати со растителни влакна и зошто е добро да ги јадете редовно 1

5 намирници кои се богати со растителни влакна и зошто да ги јадете редовно

Растителните влакна се неопходни за нормално функционирање на организмот. Тие се важни за правилна дигестија, за намалување на крвниот шеќер и регулирање на холестеролот во крвта, придонесуваат за спречување на рак на дебелото црево. Помагаат за слабеење, а во голема мера ја подобруваат состојбата при проблеми со хемороиди. Па, еве една кратка листа од неколку намирници кои се богати со растителни влакна.

Дали квасецот е здрав или штетен?

Квасецот се користи за ферментација и нараснување на тестото, илјадници години наназад. Археолозите откриле дека квасецот се користел уште во древен Египет. И покрај долгогодишното користење може да слушнете дека квасецот не е здрав. Дали тоа е точно и кои типови на квасец постоајт ви откриваме во текстот кој следуува.

пчелинок

Маточина за лесен сон и подобро варење на храната

Оваа прекрасна билка со пријатен мирис на лимон, се нарекува маточина, пчелинок,  мелиса, лимонка… Таа е една од малку бројните билки кои се истовремено лековити, мирисни, украсни, зачински, ароматични, медоносни и имаат индустриска примена.

пролетен оброк со јагоди 1

Совршен пролетен оброк во чаша

Пролетта е одлично време кога јагодите ги имаме во голема мера и со нив можеме да приготвуваме разни вкусни задоволства. Течните оброци се тренд, но и се лесен начин да внесеме поголема количина на хранливи материи на полесен начин и без да консумираме голема количина на храна. Па, имаме испробано вкусен и супер хранлив пролетен оброк со јагоди. Освежете се деновиве и уживајте во енергијата!

намирници со калиум 1

5 намирници кои содржат повеќе калиум од бананите

Бананата не е единствената намирница која е богата со моќниот калиум кој е значаен за нашето здравје. Добро е да се знае дека постојат неколку намирници кои содржат многу повеќе калиум од неа.

7 здравстени придобивки од блитвата кои не ги знаете

Дали знаете дека хранливата и вкусна блитва, потекува од Медитеранот, а денес може да се најде насекаде во светот? Блитвата е ценет зеленчук уште од дамнешни времиња, за што говорат и записите на Аристотел. Старите Римјани и Македонци ги препознале нејзините лековити моќи, па ја сметале за чудотворна билка.  Меѓу многубројните лековити својства, ги издвоивме најважните седум придобивки од блитвата кои не ги знаете.

Кои намирници предизвикуваат несоница 1

Кои намирници предизвикуваат несоница?

Дури и ако немате проблем со сонот, добро е да знаете кои намирници предизвикуваат несоница. Добриот и редовен сон е неопходен за нормално функционирање на организмот и борба со дневните задачи на брзиот начин на живот.

зелен лимон лимета

5 здравствени придобивки од консумацијата на лимета

Зелената лимета е овошје слично на лимонот, само малку покисело, со интензивен мирис и убава арома. За разлика од лимонот, лиметата има по кружна форма, зелена внатрешност и светло зелена кора. Помала е во големина, а е побогата со витамин Ц. Често се среќава и под името зелен лимон. 

7 најздрави видови на риба според нутриционистите 1

7 најздрави видови на риба според нутриционистите

Збогатете ја вашата трпеза со риби, тие изобилуваат со корисни аминокиселини. Нутриционистичките совети секогаш ја вклучуваат рибата како дел од неделното мени, па ајде да дознаеме кои се сметаат за најздрави видови на риба и да пробаме да ги вклучиме во исхраната што повеќе.

камилица

Камилицата е најдобриот природен лек против воспаленија и болки

Камилицата е позната како најдобриот природен лек против воспаленија, болки, несоница, нервоза, бавно варење на храната и кожни болести. Најчесто се користи за топли облоги против болки. Исто така е корисна за отстранување на камен од бубрези, жолтица, менструални болки, глисти…

храна за добро дентално здравје 1

5 групи на намирници кои се храна за добро дентално здравје

Здрави и силни заби се основен предуслов за убава насмевка, но и за спречување на многу болести, а она што го јадеме има голема улога во тоа. Има намирници кои се штетни и намирници кои се корисни и претставуваат храна за добро дентално здравје. Да дознаеме кои се тие.

амино киселини

Што се есенцијални аминокиселини, која е нивната улога и која храна е богата со нив?

Аминокиселините се органски соединија кои учествуваат во градбата на протеините. Здравиот организам може сам да синтетизира 10 протеински аминокиселини. Овие аминокиселини се нарекуваат не есенцијални. Есенцијалните аминокиселини организмот не може сам да ги произведе, па мора да се внесуваат преку храната.