намирници со калиум 1

5 намирници кои содржат повеќе калиум од бананите

Бананата не е единствената намирница која е богата со моќниот калиум кој е значаен за нашето здравје. Добро е да се знае дека постојат неколку намирници кои содржат многу повеќе калиум од неа.

Пред да дознаеме повеќе за нив, на кратко да се потсетиме за калиумот. Тој е една од најважните хранливи материи, а игра клучна улога за зајакнување на мускулите, правилно одржување на нервните функции и здравјето на срцето. Ако не ја внесувате препорачаната доза, а тоа е 4700 мг дневно, може да се јави умор, грчеви во мускулите, трепет на срцето, а во потешки случаи и напади на несвестица.

намирници со калиум 2

Веројатно знаете дека бананите се добар извор на калиум, што е точно. Ова вкусно овошје е одличен избор ако сакате да внесете од овој минерал, бидејќи 1 банана со средна големина содржи околу 422 милиграми. Но, бананата не е единствениот начин да му подарите на организмот од овој минерал колку што му е потребно. А, не е ни најбогат извор, па прочитајте кои намирници содржат повеќе калиум од бананите.

Сладок компир

Оваа вкусна намирница е полна со витамини и минерали. Содржи дури 542 милиграми калиум во една порција.

Јогурт

Ако сакате да имате здрава ужинка, нема да најдете подобра храна од здравиот и освежителен јогурт. Со една стандардна порција од 250 милилитри, ќе се обезбедите со 579 милиграми калиум.

Авокадо

Со секое изедено авокадо, внесувате драгоцени 487 милиграми калиум во вашиот организам.

Бел грав

Кога можете направете чорба од грав или послужете го како прилог. Како и да го припремате е одлично, бидејќи е многу богат со калиум. Во само 90 грама бел грав, се наоѓаат неверојатни 502 милиграми од овој значаен минерал.

Спанаќ

Слободно вклучете го во вашата исхрана што почесто, бидејќи во околу 220 грама спанаќ има неверојатно многу калиум или 839 милиграми! Ставајте го во салати, во пити, во смуди, во плескавици и слично. Изберете еден од бројните начини и консумирајте го редовно.

Ви препорачуваме да прочитате: Калиум за здраво срце и енергија.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: