5 причини да јадете по 5 ф`стаци секој ден

Делуваат егзотично и вкусно, а може да се најдат во продавниците за здрава храна. Има повеќе од 5 причини за да јадете по 5 ф’стаци секој ден. Тие спаѓаат во најздравите грицки кои го забрзуваат метаболизмот, го снижуваат холестеролот, ги штитат крвните садови…

Јаткастите плодови како бадемите, оревите, ф’стаците и индиските оревчиња се здрава храна по која секогаш треба да посегнувате наместо по чипс, смоки и други грицки.

Овие светлозелени плодови се богати со исклучително хранливи материи: содржат 50% масти, 20% протеини, 20% јагленихидрати, 2% растителни влакна, а од минералите богати се со калиум, калциум, магнезиум и железо.

фстаци

Ф`стаците го штитат крвните садови и го намалуваат холестеролот во крвта

Доколку мрсните грицки ги замените со фстаци, ќе имате повеќе придобивки за здравјето. Благодарение на количината на здрави масти кои ги содржат, ф’стаците помагаат за намалување на лошиот холестерол во крвта. Така ги штитат крвните садови, ја подобруваат нивната еластичност и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. На Државниот Универзитет во Пенсилванија е откриено дека редовното консумирање може да го намали нивото на ЛДЛ липопротеинот, за кој постои сомнение дека во поголеми концентрации е одговорен за артериосклероза и за други кардиоваскуларни заболувања.

Ф`стаците се добар извор на фитостерол. Доколку фитостеролот е присутен во поголема количина во организмот, се намалува количината на холестерол во крвта, се зајакнува имунитетот и се намалува ризикот за појава на некои видови на рак.

Одлични се како грицки и за дијабетичарите

Освен што помагаат за подобро варење на храната, ф’стаците се идеални и во исхраната на дијабетичарите. Според најновите сознанија, слободно може да ги консумираат лица кои имаат дијабетес тип 2, бидејќи помагаат во контрола на нивото на шеќер во крвта, воедно давајќи чувство на ситост по оброкот. Истражувањата потврдиле дека комбинирањето на ф’стаци со оброкот, го намалува нивото на шеќер во крвта по јадењето, што доведува до помал ризик за развивање на дијабетес тип 2 и коронарни болести.

Ф`стаците се богати со витамини, минерали и антиоксиданси

Овие здрави грицки се исклучително богати со витамините Б1 и Б6, кои се важни за правилна работа на нервниот систем. Од минералите најзастапен е фосфорот кој е значаен за здрави заби и коски. Исто така содржат лутеин во големи количини, кој е познат антиоксиданс. Благодарение на количината на антиоксиданси која ја содржат, дневно се препорачуваат пет до десет ф`стаци во борбата против брчките.

Совет плус: При купување изберете несолени фстаци, бидејќи преголемата количина на сол влијае за покачување на крвниот притисок.

Ви предлагаме да прочитате: Ф’стаци – со антиоксиданси и без холестерол.

Сподели: